
Комедијата “АХ, ЉУБОВ МОЈА…” ја напишав како одговор, се разбира, хумористичен, смешен, на огромниот наплив на турски серии по нашиве телевизии. Демек, народот тоа сакал! Добро, ако народот тоа сакал, тогаш ајде и во театарот да му дадеме на народот тоа што сака – една турска приказна. А најприсутно во турските серии, без разлика дали се историски, акциони или љубовни, каде заради љубовта настануваат разно – разни проблеми, кое е и главниот двигател на дејствието. Е па и во нашава претстава љубовта е најважна. Секој некого сака и заради тоа сакање страда. Според матрицата на големиот Француски мајстор на комедијата, Жорж Фејдо (Болва во уво, Кројач за дами…), заедно со младата и полетна актерска екипа и со сите други што придонесоа за остварување на оваа комедија, полна со непредвидливи ситуации, интересни карактери, убави, но и драматични моменти на љубовта, направивме дело кое ќе биде достојно за отворање на новиот ТЕАТАР НА КОМЕДИЈА!
Нека ни е со среќа.
Коле Ангеловски

Режија: Коле Ангеловски
Сценографија: Илина Ангеловска
Костими: Лира Грабул
Музика: Џенгиз Ибрахим
Инспициент: Нурјамет Рушити
Суфлер: Жаклина Цветковска
Светло-мајстор: Игор Георгиев
Тон-мајстор: Чедомир Младеновски
Улогите ги толкуваат: Крсте Јовановски (Директорот), Зорица Стојановска (Беба), Нина Деан (Сузан), Атанас Атанасовски (Селпин), Кристина Ласовска (Нини), Едмонд Сотир (Азем), Роберт Ристов (Мијалче), Жаклина Стевковска (Г-ѓа Трпкова), Бојан Велевски (Фидан), Александар Микиќ (Генералот Курчубиќ), Ердоан Максут (Ѓорче), Слаѓана Вујошевиќ (Мариче) и Валентин Костадиновски (Боби).
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!