Top

“Случајно” премиера на радио драма на Theatra

На 16-ти декември, со почеток во 22 часот на Метрополис радио премиерно ќе биде изведена радио драмата “Случајно“. “Случајно” е втора од циклусот радиодрами со кои независниот театар Theatra ја започна својата нова сезона и го промовира проектот “Секаде театар.”. Идејата на самиот проект е преку текстови на млади и нови автори да се реафирмира радиодрамата како жанр, а воедно и да се излезе од конвенционалните рамки на театарот и да го доближи независниот театар и сцена до својата публика каде и да е, без просторни и временски ограничувања. Партнер на проектот е Метрополис радио мрежа, на чии фреквенции ширум Македонија се емитуваат радио драмите.

Автор на “Случајно” е Дарко Лешоски, млад автор, со отворен и еклектичен пристап во стилот на пишување. “Случајно” е љубовна приказна составена од поемите на Лешоски. Романтична во копнежот да биде љубовна приказна како во романите, комична во неприфаќањето на ликовите дека е љубовна приказна. Водена од дрскоста и шармантната безобразност на женскиот лик, импулисивно, а интуитивно точно отвора еден урбан свет на бескопромисна љубов. Експлицитна содржина и јазик.

Драматизацијата ја направија Билјана Радиноска и Сашо Димоски. Читаат Васил Зафирчев и Марија Зафирова.

“Случајно” е втора радио драма во продукција на Theatra. По успехот на првата радио драма “Пеперутка” на Сашо Димоски, Theatra со големо задоволство ве повикува да бидете дел од уште една радио приказна: “Случајно”, 16ти декември, 22 часот на Метрополис радио мрежа.

Theatra, Секаде театар!


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *