Top

Театра со премиера на радио сценско доживување и сосема нов вид на драмски подвиг – “Привид”

Независниот театар Театра, кој уште од самиот свој почеток театарот настојува да ја врати довербата кај публиката и да ги помести нагоре театарските стандарди и сфаќања, најавува нова премиера. Од основањето до денес, со тој стремеж, постојано внесува модерни драмски содржини и развива иновативни форми на драмски израз. По завидниот број на театарски претстави, перформанси, работилници и промотивни настани во рамките на една македонска независна и нова сцена, Театра истапува со навистина свежа и поразлична театарска продукција.



На 27 јанурари во 22 часот “Привид” ќе ја има својата премиера. Се работи за изведба на радио драма што ќе покрие неколку медиуми.

“Привид” е приказна која може да се следи на алтернативен физички простор што се користи како театарска сцена, а тоа е ноќниот клуб Балет. Претставата во клубот директно ќе се пренесува и на Метрополис радио мрежата во форма на радио драма, но од истата ќе има и директен аудио-визуелен пренос на theatra.mk.
Зборуваме за повеќе медиумски форми: сцената во Балет и директен пренос на радио приемници, интернет радио станица и интернет видео. На тој начин различна публика ќе доживее различни искуства: некои ќе гледаат на самата сцена, други ќе слушаат и трети ќе имаат можност да следат сè на интернет.

Овој настан ги обединува сите идеи за драмскиот циклус на Театра “Секаде театар!”. Ова значи дека “Привид” не само што ќе ги активира сите сетила кај публиката туку ќе ги стави и во функција на разоткривање на целата претстава. Со оваа идеја, ќе се изигра претстава што зборува за врската меѓу двајца луѓе, но таа физички ќе ги отсликува и нивните состојби и затскриени чувства и значења.

Учествуваат: Марија Зафирова и Васил Зафирчев, Симона Спировска, Наташа Петровиќ, Викторија Илиоска и Билјана Стојкоска. Режијата е на Билјана Радиноска. Драмскиот текст е работен во процесот на подговотовки и претставува заеднички труд од целата екипа.

На 27 јануари во 22 часот, премиера на “Привид”. За прв пат радио сценско доживување на 3 различни медиуми за 3 типови публика! Наскоро, тотален театар со Theatra!

Секаде театар!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>