Top

Драмски театар – Скопје со онлајн продажба на билети и андроид апликација

Драмскиот театарСкопје во соработка со компанијата за мобилни апликаци Кодвел создаде апликација за мобилни уреди преку која може без потешкотии да се дојде до целосниот репертоар на Драмскиот театар, како и останатите содржини од веб-сајтот. Програмата е целосно синхронизирана за мобилните уреди кои користат андроид платформа. Апликацијата е бесплатна и достапна на следниов линк.



Освен ова Драмскиот театар ја отвори и својата интернет продавница за билети. На веб-сајтот на Драмскиот театар, многу лесно може да набавите билети за сите претстави кои се на тековниот репертоар. Онлајн купувањето на билети во наредните неколку месеци ќе биде со попуст.
Сè што треба да направите е да ја посетите интернет страната на Драмски театар – Скопје и да ги следите едноставните упатства за регистрирање, со што ќе Ви биде овозможено лесно и едноставно купување на билети.

Драмскиот театар – Скопје секогаш се обидува да ги следи новите технологии и да го олесни пристапот до информации и купувањето на билети за сите љубители на театарот.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *