Top

Нов моден бренд во Скопје: PEACOCKS London

Компанијата БН БОС го претставува Peacocks, водечки британски модни бренд кој е познат по фантастичниот асортиман, квалитет, избор и поволни цени. Во преку 500 продавници во Велика Британија и преку 100 продавници во Русија, Блискиот Исток, медитеранските и многу други земји Peacocks во својот асортиман има женска, машка и детска облека, аксесоари по последните модни трендови, најповолни цени и максимална услуга на купувачите. Секоја недела во продавниците на Peacocks се наоѓаат помеѓу 30 и 50 модни линии со секогаш интересна, нова и широка понуда, која константно се надополнува и менува. Со привлечната тренди понуда на женски фустани, топови, маици, џемпери, панталони, џинс, сукњи, како и програма за трудници, долна облека, пижами, обувки и аксесоари, за себе и за децата, како и понуда на машки маици, џемпери, кошули, џинс, панталони, јакни, спортска програма, обувки и аксесоари, Peacocks има за секого по нешто. Од сега и во Македонија, во Скопје во ТЦ City Gallery, 11 Октомври 4. Peacocks London, fashion-дестинација за тренди изглед по најповолни цени.



На улиците на Лондон ова лето модните трендови се инспирирани од Калифорниската долина Coachella, музички фестивал, Hawaii и сурфањето. Многу лелеави фустани-мини и макси, блузи, туники во нежни, а и во по-јаки бои, хеланки со цветни дезени, фармерки и шорцеви од тексас во комбинација со цветови во коса, масивни ланчиња и белегзии, торби за преку рамо, цветни и туфнести балетанки, сандали со дрвена платформа, и високите штикли се клучен аутфит оваа сезона. Голем избот на костими за капење, фустани за на плажа, шешири, апостолки и аксесоари за комплетен стајлинг за на плажа ќе најдете исто така во Peacocks продавниците. Peacocks мажите ова лето носат принт маици инспирирани од сурфањето, морето и плажите, џинс шорцеви и хавајки, а најтренди хипстерски фазон го постигнуваат со карираните кошули, платнени хит патики и шешири. Детската Peacocks колекција ги прати трендовите за возрасни такашто и најмладите облечени во Peacocks се потполно тренди. Peacocks London ги носи овие high street трендови и кај нас и тоа по многу поволни цени. Покажете го својот моден став оваа сончева сезона преку Peacocks London.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *