Top

“Одмазници” во 3D кино Милениум

Скопското кино Милениум го добива “Одмазници” по ексклузивна постапка, веднаш по неговата светска премиера на 4 мај во САД. Досега, на благајните ширум светот, филмот бележи заработка од над 700 милиони долари, што претставува апсолутен рекорд на сите времиња.



Акциониот суперхеројски филм “Одмаздници” e дело на мега популарната Марвел комикс, најголемата светска стрип издавачка куќа. Филмот е по сценарио и режија на Џос Ведон, а во главните улоги се сретнуваат Роберт Дауни Џуниор (Iron Man), Крис Еванс (Captain America), Марк Рафало (Hulk), Крис Хемсворт (Тhor), Скарлет Јохансон (Black Widow), Џереми Ренер (Hawkeye) како и Семјуел Џексон во улогата Ник Фјури. Филмот е направен со буџет од 220 милиони долари, што го прави еден од најскапите филмови на сите времиња.

Во филмот, суперхероите добиваат повик за акција од директорот на интенационалната мировна организација S.H.I.E.L.D, на чие чело стои Ник Фјури (Семјуел Џексон) да учествуваат во глобална рерутација на сите херои во тим наречен The Avengers за да го победат злото кое се заканува да се наруши светскиот мир и безбедност. Покрај успехот на составот на тимот, Ник Фјури (Семјуел Џексон) заедно со неговиот долгогодишен соработник агентот Колсон (Кларк Грег), мораат да најдат начин да ги убедат супер хероите да работат заедно во единствената цел за борба против злото, а не еден против друг, посебно во моментот кога моќниот и опасен Локи (Том Хидлстон) добива пристап до “космичката коцка” и нејзината бесконечна моќ.

Филмот ќе игра на редовен репертоар на 3D кино Милениум, со проекции од 18 и 22:30 часот, почнувајќи од петок – 11 мај .

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *