Top

Слаткаристика со “Новиот албум”

Човекот кој во 2009 година најави и направи вистинска хип-хоп револуција во Македонија, Марко Маринковиќ – СЛАТКАРИСТИКА после точно три години од издавањето на првиот соло албум “Слаткаристика Будало” го најавува неговиот нов албум со наслов – “НОВИОТ АЛБУМ“.



25-ти мај повторно ќе биде денот на излегување во продажба и на овој албум на Слаткаристика. После три години хитови, спотови и концерти, публиката на Марко Маринковиќ ќе може од овој датум во својата ЦД колекција да го има и “Новиот албум” – збирка од повеќе песни, од кои 16 се нови, досега неслушнати. Сите се изработени од неколку наши, докажани, но и млади, надежни продуценти со свои различни стилови, а од текстовите може да го очекувате единствениот ракопис на Слаткаристика, теми какви што само тој знае да раскаже.” – изјавуваат од тимот на Иноватива и Јованов рекордс, издавачите на овој албум.

Официјалната промоција на “Новиот албум” ќе се случи на почеток на месец јуни, а во текот на овој месец ќе биде пуштен и сингл со свој видео запис кој ќе го најави излегувањето на албумот. Синглот под наслов “Олабави ме!” е дело на Слаткаристика заедно со Стефан-Че и Јован Јованов со интересна приказна која визуелно ја долови Огнен Шапковски. Видео записот се снимаше минатата недела на две локации – Кино Фросина (МКЦ) и Сити Хол, а официјално во етер ќе излезе за неколку дена. Оние кои го следат Слаткаристика ќе може да ги пратат сите новости и да бидат во тек со него преку неговата нова, официјална веб страница slatkaristika.mk која ќе биде наскоро промовирана.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>