Top

Независниот театар Theatra со нова претстава: HOUSE SITTERS

Денес (14.12.2011 година) со почеток во 20 часот во просториите на независниот театар Theatra премиерно ќе се одигра комедијата “HOUSE SITTERS“. Ова воедно е и праизведба на текстот чиј автор е Горјан Милошевски – драматург, апсолвент на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, член на основачкиот тим на Theatra, кому ова му е дипломски текст. Ова е трета претстава во период од една година зад која комплетно продукциски застана Theatra.

“House sitters” дава комичен приказ на секојдневието на млад брачен пар, учителка по англиски јазик и веб дизајнер. Нивната неможност да кажат “не” ги носи во најразлични ситуации од кои само тие знаат да најдат излез. Желбата да помогнат ги чини нивната среќа, но потребата да удоволуваат ги тера да продолжат.

Актерската екипа на “House sitters” ја сочинуваат Мартин Петровски, Тина Трпкова и Сабина Ајрула. За костимографијата е задолжена костимографката на театарот, Ивана Кнез, сценографијата е на Ива Нечевска, а дизајнот на материјалите поврзани со “House sitters” се дело на Магдалена Дилевска. За маркетингот на претставата се одговорни Ива Дујак и Марија Зафирова. Режијата е на Билјана Радиноска.

За прв пат во Македонија за театарска претстава е користен толку непосреден пристап во промовирањето, што публиката буквално може да ги запознае главните ликови уште пред да дојде на претстава. Тоа е овозможено преку Facebook профилите на Давор и Сара Папучковски, кои преку оваа социјална мрежа го остваруваат првиот контакт со својата публика со која заеднички ја оживуваат приказната на “House sitters”. Профилите на главните ликови може да се најдат на следните врски: facebook.com/davor.papuckovski и facebook.com/sarah.papuckovska.

По распродадената премиера, отворени се резервациите за втората изведба на претставата, закажана за 21 декември, со почеток од 20 часот. Билетите се по цена од 200 денари, а резервации се вршат на www.theatra.org.

По трет пат Theatra ве повикува “Ако сакате да му помогнете на театарот, не глумете, бидете публика“. Почувствувајте ја театарската магија со сета свежина на младиот независен театар.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *