Top

Кампањата “Hello Green Tomorrow” на AVON го одбележа Светскиот ден на животната средина со нов производ за добротворни цели

Ова лето алката Eco Hero ја надополнува специјалната серија од добротворни производи на козметичката компанија AVON “Hello Green Tomorrow“. Собраните средства од продажбата на овој моден додаток во 51 земја од светот ќе бидат искористени за помош на борбата против уништувањето на шумите во Јужна Америка и Индонезија – шуми коишто се наречени “белите дробови на светот”. Алката е достапна во брошурите на AVON од 5-ти јули и може да биде купена од секој претставник на компанијата во Македонија.



За само две години преку кампањата “Hello Green Tomorrow” се собраа повеќе од 3,5 милиони долари и се вратија илјадници декари шума, токму благодарение на партнерството на AVON во Светскиот фонд за дива природа и локалните служби за заштита на природата во атлантските шуми на Бразил, Борнео и Суматра.

И покрај големиот напредок, проблемот со уништувањето на шумите останува сериозен. Поставувајќи си амбициозна цел да собере уште повеќе средства во 2012 – трета година на кампањата, AVON Products, Inc. ја покажува својата силна посветеност и одговорност кон иднината на природата.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




1 Коментар

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *