Не. Ниту еден поглед не е толку искрен како твојот, ниту една насмевка не ме развеселува како твојата. Никој не е како тебе, никогаш ни нема да го заземе твоето место. Време е да отидеш подлабоко во срцево кое планирам да го замрзнам.
Никогаш нема да ми биде јасно зошто те сакам и покрај сè. Не, не те сакам тебе. Го сакам начинот на кој се смееш, начинот на кој одиш, фактот што секогаш ме засмејуваш.
Морам да престанам да живеам во минатото, морам. Знам дека е лошо, но едноставно не можам.
Изгубив многу нешта. Те изгубив и тебе. Сè што сакам е да си тука, да те гушнам и да се загубам во твојата прегратка, твојот мирис, да се загубам во нашето меурче, далеку од сите. Толку ли сме слични? Толку ли сме слични, а сепак различни? Чекав, плачев, и уште чекав… и сега… те нема. Ја зеде топлината од мене и сега сум ладна како камен. Не успеав да се насмеам од сè срце, ниту пак искрено да се радувам на нешто што не е од тебе. Или барем не ме потсеќа на тебе… на нас… на она што бевме. Не можам да спијам. Лежам будна во креветот и со часови се присетувам колку ми е убаво во твоите прегратки, а тогаш ме обвиткува студенилото на мрачната соба и се враќам во реалноста. Само сакам да те видам. Морам да те видам.
Сонцето и без тебе изгрева и заоѓа. Ништо не е толку убаво како со тебе. Боите не се исти. Нема сјај. Нема радост. Нема искрена насмевка. Деновите се еднолични. Празни погледи, без топлина. Празни муабети. Сè е веќе само пуста навика, проклета рутина. Не се чувствувам добро, се држам за сламка…
Се прашувам, може ли груткава која ми стои во грлото некогаш да исчезне? Ако значи дека ќе ги изгубам спомените, тогаш нека остане. Некои моменти ги чувам само за себе. Така живеам…
И иако не можеш да го прочиташ ова, знај дека секогаш ќе имаш место во моето срце, дека дел од тебе живее таму.
До тука требало да биде.
Те сакам. Отсекогаш те сакав. Засекогаш ќе те сакам!

Автор: Елена М.
![]()
Сакате да објавите проза или поезија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!