„Твоето дете е она што го јадеш ти!“ е моќна бразилска кампања која ги предупредува идните мајки дека треба да внимаваат на себе и на својата исхрана. Кампањата се состои од три фотографии кои на брутален начин покажуваат дека бебињата всушност го јадат и пијат она што го консумираат нивните мајки. Затоа, размислете каква храна му обезбедувате на Вашето бебе! Oва не се однесува само на мајките кои дојат, туку ги опоменува и сите родители дека нивните животни навики влијаат и на животните навики на нивните деца.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!