Top

Викенд хороскоп (5-6.01.2013)

ОВЕН
Со цело срце сакате да ги решите актуелните проблеми, а истовремено сакате да бидете во центарот на сите збиднувања. Нема шанси да дозволите да ви заповедаат. Мора да водите сметка и да бидете претпазливи да не пропуштите нешто при брзање и да не направите конфликтна ситуација со околината. Знаете да бидете многу незгодни, па затоа контролоријате се. Можни се воспалителни процеси во организмот.

БИК
Нештата ви одат од рака со голема леснотија, во елемент сте, сконцентрирани на убави нешта и љубов. Посреќните припадници на овој знак ќе уживаат во убавините и во љубовта, а за помалку среќните – спасот лежи во уметноста. Важно е да знаете да уживате. Ви претстои значајна деловна експанзија, па поведете сметка за законските норми.

БЛИЗНАЦИ
Успешен викенд за решавање на низа тешки проблеми кои ве мачеа подолг период. Ќе постигнете големи резултати, но до нив ќе дојдете малку поспоро. Бидејќи ја согледавте сериозноста на ситуацијата, потрудете се од неа да излезете на најдобар можен начин. Фокусирани сте на сопствените интереси или благо кажано – себични.

РАК
Тешко на тој што ќе проба да ве омаловажи на било кој начин. Отворено му упатувате закани. Околината не ве проценува на вистинскиот начин. Во нивните очи сте наивни и беспомошни, а всушност не сте такви. Под моменталната емотивна маска се крие личност која може да постигне многу повеќе одошто замислила.

ЛАВ
Интензивно размислувате за нови аспекти. Мрзливоста е резултат на болест или некој психосоматски проблем. Воопшто не ви е лесно, но се гледа крајот на овој критичен период. Размислувате на тема емотивно фијаско, а со тоа само залудно губите време.

ДЕВИЦА
Периодов премногу се забавувавте и лудувавте до рани утрински часови, па сега конечно може малку да се смирите. Ситуацијата бара ваш конкретен ангажман, па сакале или не, ќе се фрлите на работа. Ви претстои период на самотија, но за тоа воопшто не ви е тешко. Нема да имате никакви проблеми бидејќи имате сериозен пристап кон сè. Сè е под контрола.

ВАГА
Кој би помислил дека сите проблеми магично ќе исчезнат? Мислевте дека нема да успеете, но успехот дојде сосема спонтано, кога нејмалку очекувавте. Се смиривте со партнерот, но до кога? Веројатно додека не ви се случи првата финансиска криза. Токму парите се главниот виновник за недоразбирањата и проблемите во вашиот живот.

СКОРПИЈА
Соберете сила и соочете се со проблемите. Периодов, крајот е повежен од било кога. Ќе се обидете нештата да ги остварите со примена на сила, па оттука ќе потекнат низа проблеми и конфликтни ситуации. Затоа бидете потрпеливи и сталожени. Не дозволувајте да ве затекнат неподготвени. Нема сомнеж дека ќе успеете да испливате на површина.

СТРЕЛЕЦ
Премногу креативен викенд. Доколку го концепирате на вистински начин, ќе бидете презадоволни. Уживате во друштво на убави и добродушни луѓе. Бидејќи сте хедонисти, знаете да го одберете најквалитетното, и уште поважно, на тоа целосно да му се предадете. Викенд полн со љубов, среќа, уметност и материјална благосостојба. Зарем ви е потребно нешто плус?

ЈАРЕЦ
Подгответе се за извесни емотивни проблеми, но не паничете бидејќи ќе најдете начин да да ги надминете. Кавгата со партнерот ќе биде присутна бидејќи често губите контрола над себе. Тука многу грешите. Постојано нешто ве копка и не ви дава мир. Доколку можете, поштедете се од нервози.

ВОДОЛИЈА
Никому не дозволувате да ви се меша во животот и да влијае врз донесувањето на одлуките. Во желбата за самостојност, подготвени сте на сè, па дури и на кавги и конфликти. Вашите блиски луѓе тоа добро го знаат, па со обидуваат да ве разберат. Донесете промислена одлука.

РИБИ
После неколку пријатни денови, се враќате на старата лоша варијанта. Не се предавајте! Не е сè така црно како што ви изгледа. Можни се проблеми со домашните и проблеми од финансиска природа. Се прашувате дали има крај и до кога ќе можете да издржите под овој притисок? Бидете истрајни!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>