Top

Хороскоп за 10.01.2013 (четврток)

ОВЕН
Дали сте нервозни поради временските прилики или нешто друго е во прашање? Вознемирувачките случувања на работа искомбинирани со фамилијарните конфликти чинат да се чувствувате мошне лошо. Со трпението не стоите баш најдобро. Посветете повеќе внимание на партнерот и пријателите, намалете ги цигарите и движете се повеќе.

БИК
Бидете особено внимателни во сообраќајот, но и со другите видови комуникација. Иако некои потешкотии се зад вас, сеуште не сте опоравени од шокот. Особено внимавајте на здравјето, бидејќи проблеми со жлездите и хормоните можат да доведат до лошо расположение. Само со внимателност ќе ги избегнете опасностите кои ви се закануваат.

БЛИЗНАЦИ
Нови случувања во врска со евентуално заминување во странство. Доколку се најдете во ситуација да можете да му помогнете некому – сторете големо дело. Поведете повеќе сметка за себе бидејќи можни се проблеми со видот и циркулацијата. Бидете помалку активни, барем денес.

РАК
Нова љубов е на повидок. Иако се чувствувате прекрасно, не претерувајте со уживањето бидејќи можни се подоцнежни тешкотии. Ито така, можни се проблеми со адреналинот и надбубрежните жлезди. Само со разумен и рационален пристап ќе можете да ги избегнете неповолните ситуации.

ЛАВ
Потрудете се да не се карате со партнерот, иако за тоа имате причина. Ситуацијата е алармантна, на повидок е и прекин на врската, но доколку бидете внимателни и одлуките ги оставите за утре, ќе ги избегнете непријатностите. Можни се проблеми со бубрезите. Но, треба да проверите дали станува збор за настинка или нешто друго.

ДЕВИЦА
Можни се здравствени проблеми, но тие ќе поминат многу брзо. Немојте да бидете хипохондрик. Прифатете ја оваа состојба и придржувајте се кон новата терапија. Можно е и ново работно место, но бидете трпеливи.

ВАГА
Ви претстои убав и креативен ден. Ако помладите ченови од Вашето семејство Ве изнервираат, не им обрнувајте внимание. Гинеколошките проблеми се од минлив карактер, а финансиските проблеми нешто потрајни. Денес не помислувајте на игри на среќа, бидејќи само ќе изгубите.

СКОРПИЈА
Моменталното нерасположене е минливо, но сепак непријатно. Обидете се го да ублажите со работа. Постои шанса да добиете покана за патување. Причина за добро расположение постои, но вие не ја гледате.

СТРЕЛЕЦ
Се наоѓате во фаза на преобразба. Најважните нешта во животот се случуваат кога најмалку се надеваме на нив. Кога ќе помине извесно време, ќе го сфатите значењето на овој ден. Нека не Ве изненади наследство или успех со недвижности. Здравствените проблеми бараат лекарска интервенција.

ЈАРЕЦ
Незадоволни сте од сите и од сè, а најмногу од себе. Мислите дека партнерот е виновен за вашите маки, но грешите. Ако мислите дека ќе го решите проблемот ако од него избегате, повторно грешите. Морате да ја сфатите сериозноста на ситуацијата и да ја увидите својата одговорност. Можни се проблеми со бубрезите.

ВОДОЛИЈА
Многу лесно може да ја активирате слабата точка на Вашиот организам и да се разболете. Бидејќи имате повеќе слаби точки, разумното однесување ќе го ублажи овој проблем. Тоа е особено тешко за Вас, бидејќи секогаш претерувате. Не морате да ја исполните секоја своја желба. Одморете се малку.

РИБИ
Постои опасност од повреди, посебно во сообраќајот. Затоа бидете многу внимателни. Голем дел од припадниците на овој знак се наоѓаат во комплексна емотивна фаза, oд која ќе излезат под влијание на другите и ќе се чувствуваат отфрлени.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>