Top

Хороскоп за 04.01.2013 (петок)

ОВЕН
Денес самотијата ви годи, па обидете се да се изолирате од околината. Така ќе имате доволно време да одморите и да размислите за многу нешта. Дали одредени ваши постапки се навистина на место и дали можеби некои работи сте можеле да ги изведете на подобар начин? Постојат безброј прашања, па разговорот сам со себе и сопствената совест е вистинска работа. Љубовта и понатаму цвета.

БИК
Имате преголеми очекувања од моменталните случувања. Мора да завземете практичен пристап кон проблемите. Ваша јака страна е интуицијата. Морате добро да ги проценувате луѓето и да го усогласите однесувањето кон нив, како подоцна не би се каеле. Помалку озборувајте.

БЛИЗНАЦИ
Златниот збор челични врати отвора. Но, внимавајте во комуникацијата со околината и не се расфрлувајте со зборови без потреба. Немате време за губење бидејќи вашиот нов ангажнам бара максимално внимание и пожртвуваност. Сè останато е во втор план.

РАК
Се наоѓате во многу поволен период, па сите работи ви изгледаат мошне едноставно. Очекувате одговор од нешта кои се поврзани со заминување од државава. Повик или писмо од странство ќе влијае врз вашите одлуки. Од корен го менувате пристапот кон проблемите бидејќи имате дополнителен стимул за тоа. Мотивирани сте за нови почетоци.

ЛАВ
Остваривте сè што замисливте, па сега се досадувате. Бидејќи имате многу слободно време, ќе размислувате за небитни работи и ќе се нервирате. Свеста за сопствените вредности моментално ви е намалена, па оттаму и сумирањето и преиспитувањето на резултатите. Бидете подинамични.

ДЕВИЦА
Венера позитивно влијаев врз вас. Токму неа заблагодарете ѝ се за среќата и хармонијата кои ги чувствувате, но и за многу нови работи кои ќе ви се случат во блиска иднина – понуда за нова работа на пример. Дишете со пона плуќа, уживајте во ситните нешта и не се оптоварувајте со озборувања. Ќе имате многу повеќе слободно време. Денес, избегнувајте комуникација со Овни.

ВАГА
Ќе бидете особено среќни доколку направите неколку добри дела. Денес до израз доаѓа вашата несебична природа и желба да помогнете секому. Ве очекуваат успеси на секое поле. Можни се пробелеми со стомакот и дигестивниот систем.

СКОРПИЈА
Денес сè е во знакот на љубовта и забавата. Пробајте си ја среќата во некоја игра на среќа бидејќи ви претстои добивка. Работата од вас бара многу поголем анганжман отколку што вие сте подготвени да дадете, па затоа игнорирајте ја и препуштете се на забава. Иако, од обврските не се бега – одложете ги за друг ден. Убаво се чувствувате, а уште поубаво изгледате.

СТРЕЛЕЦ
Повеќето припадници на овој знак ќе бидат неоправдано љубоморни кон својот партнер. Па, ќе им дадат до знаење дека нешто не е како што треба. Морате повеќе да верувате во сопствените вредности и повеќе да се почитувате себеси. Само на овој начин ќе бидете почитувани од околината. Разведрете го домот со некое ново парче мебел.

ЈАРЕЦ
Денес сте многу слатки и шармантни. Конечно сфативте дека со конфликтните ситуации само го губите времето залудно, па сега ставате акцент на итрината. Во план е некое кусо патување или некоја врста на обука од која имате големи очекувања. Комуникацијата со роднините ќе биде одлична.

ВОДОЛИЈА
Се наоѓате во фаза на материјална експанзија. Деновиве броите пари на големо. Но, од друга страна, имате и големи трошоци, па внимавајте при распределбата на финансиите. Направивте конкетен план од кој не отстапувате. Можни се здравствени проблеми, а препорачливо е да внимавате на исхраната.

РИБИ
Зрачите со оптимизам. Меѓутоа, потребен ви е дополнителен труд за да бидете убави и среќни. Запрашајте се дали можеби сте себични? На ова филозофско прашање морате да одговорите. Фокусирајте се на попаметни работи.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>