Top

Хороскоп за 03.01.2013 (четврток)

ОВЕН
Комуникативни сте, расположени и креативни. Доколку управувате со моторно возило, можни се проблеми во сообраќајот бидејќи концентрацијата овие денови не ви е јака страна. Некој Близнак може да ве извади од колосек со некоја негова реакција или однесување, па бидете многу внимателни и итри. Љубовната идила трае.

БИК
Чувствувате голема блискост кон сите луѓе со кои сте во контакт. Друштвото особено ви годи. Денес е ваш ден! Од партнерот ќе добиете безусловна љубов и разбирање. Денес, женските припадници на овој хороскопски знак ќе бидат расположени за кафе-другарувања со пријателките и споделување по некој трач.

БЛИЗНАЦИ
Денес сте полни со разбирање и оптимизам. Имате љубов за сите и несебично ја делите. Секако, љубената личност ви е приоритет. Токму со таа личност правите низа планови за иднината. Оваа календарска година сакате да внесете значајни новитети и промени во својот живот на секое поле.

РАК
Која е причината за вашата потиштеност и нерасположеност? Кој успеа да ве налути?
Генерално, главниот проблем е дефицит на љубов. Се лажете доколку мислите дека сте ја нашле правата љубов. Но, не се секирајте – старата љубов без престан мисли на вас, а на повидок е и состанок токму со неа.

ЛАВ
Фантастични нешта ви се случуваат. Баш тие се причината за енормната количина на љубов која ја ширите наоколу. Но, внимавајте да не претерате со добродушноста бидејќи луѓето многу лесно можат да ја злоупотребат вашата добрина.
Здрави сте, успешни на деловно поле и финансиски стабилни.

ДЕВИЦА
Сеуште сте под впечатоци од новогодишните збиднувања. Периодов целосно уживате бидејќи успешно ги реализиравте дамнешните соништа и планови.
Наскоро ќе морате да донесете многу важни одлуки во вашиот живот, а баш тогаш планетите ќе бидат малку немилосрдни кон вас. Затоа внимавајте!

ВАГА
Поволниот планетарен аспект влијае повеќе да се дружите и полесно да ги надминете постојните проблеми. Периодов сте со високо ниво на самоувереност, па дури и се преценувате. Можеби е подобро некоја блиска личност да ве спушти на тло, додека не биде предоцна за тоа. По некој период, ќе и бидете благодарни за правовремената реакција.

СКОРПИЈА
Го спасувате она што може да се спаси. Фокусирани сте кон саканата личност и имате желба да ја зајакнете врската. Бидејќи по природа сте упорни и тврдоглави, никој не се сомнева дека ќе успеете во намерите. Оваа година ветува многу убави мигови. На деловно поле ве очекува просперитет.

СТРЕЛЕЦ
Често го менувате расположението, но блиските пријатели и партнерот и те како можат да ве расположат. Верувајте им и уживајте додека можете. Овие денови приуштете си некој добар концерт, отидете во театар или во кино бидејќи потребата за уметност е силно нагласена.
Верувајте во луѓето околу себе.

ЈАРЕЦ
Не сте во добра форма. Наидувате на недоразбирање од околината. Зошто не се обидете комплетно да ги игнорирате сите тие луѓе, и да се фокусирате на аспекти кои ви причинуваат задовлоство? Ако успеете во ова, ќе бидете многу задоволни и расположени.
Бидете внимателни во чекорите кои ги преземате.

ВОДОЛИЈА
Колку повеќе се дружите – толку подобро. Комуникативноста е една од вашите јаки страни, па искористете ја во вистинската насока. Ако ништо друго, маратонските телефонски разговори со блиските ќе ви помогнат да го надминете чувството на осаменост.

РИБИ
Се чувствувате како издишан балон. Осамени сте. Поставете си го прашањето: што е тоа што ви недостига? Прослава, друштво, љубов? Периодов мислите дека судбината ви свртела грб. Периодов ќе имате мали здравствени проблеми како резултат на намален имунитет.
Астролозите ви советуваат да не се расфрлате со пари, тука да штедите.
Опуштете се!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>