Top

Хороскоп за 02.01.2013 (среда)

ОВЕН
Новата година ја започнавте со многу планови за иднината. Ведри сте, но не се чувствувате баш најдобро. Внимајавте на настинки.

БИК
Се што е убаво кратко трае. Така помина и новогодишната ноќ. Сеуште собирате сила за нови победи и порази. Практични сте по природа, а тоа ќе дојде до израз во текот на денот. Партнерот ќе се чуди што се случило со вас и каде исчезна онаа чувствителна личност за каква ве сметаше.

БЛИЗНАЦИ
Одлучивте да имате повеќе разбирање кон семејството и пријателите. Бидејќи сфативте колку ви значат, ќе настојувате да ги исполните нивните барања. Вее утре ќе заборавите на ова и ќе продолжите по старо. Немате време за губење бидејќи во тек се нови инвестиции.

РАК
Мирисот на колачите ќе помогне да го вратите вашиот елан. Најблиските се покрај вас, а партнерот ви прави проблеми. Но, не грижете се бидејќи ќе сфати дека сте незаменливи.

ЛАВ
Сакате многу нешта, а свесни сте дека ситуацијата не е ни малку розева. Токму затоа сте толку нерасположени. Неповолните случувања спречуваат да бидете во топ форма. Тоа не го сакам никој, а најмалку вие.

ДЕВИЦА
Се чуствувате прекрасно бидејќи исполнивте еден од своите најголеми соништа. За некои тоа е љубов, за некои работа или пари. Обидете се да ја задржите оваа ситуација колку е можно подолго. Тоа ќе го исполните само ако успеете да промените некоја од своите маани, на пример ситничавоста.

ВАГА
Поминувате повеќе време со саканата личност, а тоа прави да се чувствувате фантастично. Страаста е разгорена во голема мера, а партнерот нема да има ништо против таквата ситуација. Периодов што следува ќе ви биде исполнет со многу љубов и страст. Сеуште имате главоболка од алкохот и цигарите.

СКОРПИЈА
Се одморивте онолку колку ви беше доволно за да можете да продолжите со славење. Сакате да избегате од реалноста, па затоа ќе измислувате различни причини за да се забавувате колку е можно подолго.

СТРЕЛЕЦ
Ако нештата се случуваат по вообичаениот шаблон ќе ви биде досадно. Редот и рутината ве излудуваат, па затоа ќе направите хаос околу себе. Барем денес потрудете се да не им го загорчувате животот на членовите на вашето семејство.

ЈАРЕЦ
Ве очекува непланирана посета или посета на некое непознато друштво. На момент заборавивте на своите проблеми, но тие повторно стапуваат на сцена. Кога подобро ќе размислите, проблемот лежи во вашиот песимистички пристап кон нив.

ВОДОЛИЈА
Во првиот ден од оваа година правевте се што сакавте, а не смеевте. Помладите припадници на овој знак прославија уште една ноќ, а повозрасните сеуште се мамурни од новогодишната ноќ. Ќе помине и тоа.

РИБИ
Очекувате многу од годината што пристигна, но треба да се задоволите и со малку. Дочекот на новата година ви помина романтично, што е карактеристично за вашиот знак. Но, мора да ги контролирате своите чувства и да ги прикириете, Ако размислите подобро, ќе сфатите дека сте искрени кон една несигурна личност.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>