Top

Хороскоп за 31.12.2012 (понеделник)

ОВЕН
Вашите постапки се адекватни на актуелните случувања, бидејќи за нив бевте подготвени. Постои проблем кој се однесува на домот или наследството, но свесни сте за него. Денешните разговори ќе ве исфрлат од колосек, а сепак не сакате да создавате проблеми. Насочете се кон емоциите.

БИК
Моментално не се чувствувате сјајно, но тоа чувство е минливо. Кон околината сте пријателски расположени и преплавени сте со силни емоции. Некои членови од вашето семејство се обидуваат да ви одат по нерви, но не им го причинувајте тоа задоволство. Внимателно во сообраќајот.

БЛИЗНАЦИ
Ако сте незадоволни од стварноста, побарајте засолниште во светот на фантазиите и планирајте патување некаде далеку. Внимавајте во што вложувате, бидејќи можни се големи финансиски загуби. Стомачните проблеми се резултат на неадекватната исхрана.

РАК
Пријателите имаат доверба во вас, па токму затоа ќе бараат совети. Искористете ги своите можности на адекватен начин, бидејќи само во тој случај нема да имате време за нервози. Чувајте го своето здравје и размислувајте оптимистички.

ЛАВ
Исполнивте сè што замисливте, па сега ви е досадно. Имате повеќе слободно време, па затоа размислувате за неважни нешта и се нервирате. Самодовербата ви е намалена, па затоа ги преиспитувате постигнатите резултати. Бидете малку подинамични.

ДЕВИЦА
Планирате патување, но поради многу околности постои голема веројатност да не го реализирате. Бидете внимателни во комуникациите со партнерот и пријателите, бидејќи мало невнимание може да доведе до големи последици на овие односи. Проблемите со кичмата ќе ги ограничат вашите активности.

ВАГА
Ве очекуваат големи животни промени, а тие ќе бидат на подобро. Најлошото помина, па од годината што доаѓа очекувате многу. Ќе имате нервози со вашите родители и воопшто нема да ви биде лесно.

СКОРПИЈА
Планирате патување, но тоа може да се одложи поради вашата здравствена состојба. Повеќето припадници на овој знак ќе остварат сè што ќе наумат. Пожелно е да бидете внимателни во сообраќајот. Бидете оптимисти во врска со личност која не сте ја виделе одамна и обидете се да ја реализирате средбата со неа.

СТРЕЛЕЦ
Вложувате максимална сила и ангажман за остварување на своите работни задачи, до таа мера што воопшто не сте расположени за празнување. Патување на некое интересно место би можело да влијае врз подобрување на вашето моментално расположение. Денес сте поемотивни од вообичаено, и тоа со причина.

ЈАРЕЦ
Зошто сте во конфликт со вашиот партнер? Тој и понатаму го прави она што го мисли, без ралика на тоа како вие реагирате. Мала доза на итрина не е на одмет. Не секогаш морате да му предочите и директно да му го кажете тоа што го мислите, особено не доколку тоа се противречи со неговите ставови. Запомнете дека не може сите да се однесуваат идеално добро.
Денес можни се мали проблеми и болки во бубрезите.

ВОДОЛИЈА
Сите случувања се однесуваат на една тема – љубов. Партерот и децата ви се на прво место, во центарот на случувањата! Денес нека не ве изненадуваат мали проблеми со жлездите. Само во итен случај, побарајте помош од доктор.
Во спротивно, опуштете се и уживајте со вашата фамилија и пријателите.

РИБИ
Голема дилема е пред вас: дали да ја обновите врската или да останете само пријатели? Втората опција е многу пореална. Доколку сте фамилијарна личност посветете повеќе време и внимание на вашите деца. Немојте да ги одложувате проблемите или да замижувате пред нив. Овие денови ве очекуваат многу работа и обврски. Бидете сталожени.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>