ОВЕН
Во овие ладни зимски денови вашето срце е исклучително топло. Не функционирате без љубов, па се трудите секогаш да бидете максимално вљубени. Во центарот на вниманието се Стрелци и Водолии, кои секојпат ви приредуваат пријатни изненадувања. Ве очекува брак или принова? Можеби и двете.
БИК
Тргате во акција да ја освоите посакуваната личност. Во крајниот резултат воопшто не треба да се сомневате бидејќи Биковите одлично го анализираат теренот пред да тргнат во акција. Посакуваните работи ќе ги добиете без некој посебен напор. Емотивно сте исполнети. Сè ви изгледа мошне едноставно бидејќи сте заљубени.
БЛИЗНАЦИ
Нервната напнатост е последица на неможноста да размислувате со сопствена глава. Сè што сте планирале паѓа во вода, па имате чувство како нешто чудно да се случува околу вас. Вашиот мисловен процес е сведен на минимум, па воздржете се и не донесувајте одлуки. Побарајте спас во вашето хоби.
РАК
Работата и здравјето се нешта кои ви одземаат најмногу време и за кои интензивно размислувате. Избегнувајте ги ситниците бидејќи поради нив може да пропуштите низа важни работи. Во односот со партнерот внесувајте повеќе емоции. Со кулинарските специјалитети не сте доволно шармантни, потрудете се со уште нешто…
ЛАВ
Искористете ја инспирацијата и вашата смисла за естетски вредности таму каде што навистина е потребно. Немојте да бидете претерано суетни и да се величате самите себе. Обидете се да дадете повеќе нежност и топлина на околината. Кога последен пат сте направиле нешто симпатично за саканата личност или со нешто сте ја израдувале? Ова е вистински момент за разменување љубов.
ДЕВИЦА
Работата и вашата посветеност кон неа ви помага да ги надминете денешните пречки и на крајот од денот да се чувствувате задоволно. Под овој притисок многумина би потклекнале и би се откажале, но не и вие. Моменталните негативни аспекти прифатете ги сосема нормално. Земете залет и бидете подготвени за нови деловни предизвици.
ВАГА
Извонреден ден полн со пријатни изненадувања. Фантастично се чувствувате и работите само нешто кои навистина ги сакате. Партнерот најотворено ви покажува колку му значите, и тоа не само со зборови. Не сте материјалисти, но едноставно сакате да трошите пари. Но, никој не е идеален, па ни вие.
СКОРПИЈА
Има многу нешта кои го поправаат расположението, па пoсветете им се. Доколку сте осамени или пак така се чувствувате, релаксирајте се со хоби или добар филм. Не им се жалете на пријателите за вашите проблеми бидејќи тие немаат нерви да ве сослушаат. Доколку се одлучите да излегувате, барем глумете дека сè е во ред.
СТРЕЛЕЦ
Еден чекор напред, а два назад. Тоа вас воопшто не ви годи бидејќи вие сакате динамика и брзина. Бидејќи деловните проблеми се преголеми, а со нив нема така лесно да се справите, препорачливо би било да се посветите на љубовта. Партнерот ве чека со раширени раце. Што повеќе луѓе се околу вас – тоа подобро.
ЈАРЕЦ
Се соочувате со намален имунитет и лоша здравствена состојба. Но, работата и обврските не можат да чекаат. Се обидувате да завршите сè што се очекува од вас, бидејќи по природа сте вредни и одговорни. Многу важно сознание е тоа дека на многумина служите како потпора. А, кој е вашата потпора?
ВОДОЛИЈА
Моменталните нервози се последица на здравствените проблеми, ваши или на некој близок човек. Не сте среќни, а во моментов и ништо не може да изнуди насмевка од вас. Никој не ви е по мерак, на секого му наоѓате мани. Барем еднаш сфатете ја несовршеноста на луѓето. Ова е личен, субјективен проблем.
РИБИ
Ситуацијата бара адаптибилност, која тешко ви оди од рака. Сакате максимални резултати со минимални вложувања. Ова е невозможно, па разочарувањата се неизбежни. Наразрешените проблеми од минатото ве нервираат премногу. Па, препорачливо би било психички да бидете подготвени на сè. Близнаците или Девицата само ви одмагаат.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!