Top

Хороскоп за 30.01.2013 (среда)

ОВЕН
Феноменално се чувствувате благодарение на одлично завршените деловни активности. Ве очекува напредок на работното место и големи успеси во склучување на договори. Не пропуштајте да ставите потпис на нив, па макар и тоа да се брачни договори. Ова е период кога ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот, ако веќе не ја сретнале.

БИК
Вашата желба за комуницирање и дружење е на прво место. Добро се чувствувате бидејќи сте задоволни од сите аспекти во животот. Ви годи дружењето со Близнак, бидејќи Близнаците се ведри и подинамични од вас. Партнерот се обидува да ве изненади. Но, доколку не успее, одглумете задоволство како почит за неговиот труд.

БЛИЗНАЦИ
Имате желба да се наметнете во нешта во кои и не сте баш снаодливи. Но, морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате да извлечете максимум од ситуацијата. Бидејќи се обидувате на околината да и докажете нешто невозможно, паѓате од грешка во грешка, што резултира со нарушеност во меѓучовечките односи. Прошетка е вистински спас.

РАК
Одлучувате да потрошите поголема сума на пари за нешто за кое размислувате подолго време. Држете се до девизата дека не сте до толку богати да трошите пари на скапи нешта. Целиот ден се одвива во знак на системските вредности и преиспитувањата. Па, можеби со добар шопинг ќе најдете начин да го компензирате незадоволството.

ЛАВ
Една Риба која сте заборавиле дека постои постојано ве потсетува на нејзиното присуство и ви предочува дека уште сте во нејзиното срце. На материјален план бележите негативности, па овој ден искористете го за уметнички и духовни аспекти.

ДЕВИЦА
Здравствената состојба не е на завидно ниво. Препорачливо би било да не донесувате значајни одлуки и да не се пуштате во големи деловни проекти, туку денот да го поминете попасивно. Прошетка и дружење со Лав или Скорпија се вистинската работа која ви треба во моментов. Обидете се, немате што да изгубите.

ВАГА
Ви претстои пријатен ден. Не морате напорно да работите, а и слободно време имате во изобилство. Никој не знае подобро и посимпатично да ги шири аферите и трачевите од вас, а притоа никој да не му замери за тоа. Партнерот по кој знае кој пат до сега отворено ви ја покажува и докажува љубовта. Не го одбивајте!

СКОРПИЈА
Денес не очекувајте драстични промени. Незадоволството е акумулирани и трае долго време, па ќе морате да го прифатите. Но, најдете начин да го ублажите. Прочитајте некоја хумористична книга или некој добар филм. Прошетка со некоја ведра личност и тоа како ќе ви дојде добро.

СТРЕЛЕЦ
Чувствувате големо ниво на позитивна енергија, па прифатете ги предизвиците кои доаѓаат од вонсериската личност – неодоливиот Овен на пример. Ќе биде лудо и незаборавно, за што и да станува збор. Исто така, немојте да ги пропуштите ни деловните предизвици: понуди, договори, планови. Бидете претпазливи.

ЈАРЕЦ
Активни сте, иако имунитетот ви е опаднат, а нервниот систем надразнет. Успевате да одолеете на предизвиците. Упорно и одлучно истражувате на сите можни фронтови. Преосетливоста и интимното чувство дека баш никој не ве сака мнногу скоро ќе помине. Всушност, сите ве сакаат, но тоа тешко допира до вашето срце. Морате да се загреете.

ВОДОЛИЈА
Тек сега е јасно зошто се однесувате чудно. Вашата здравствена состојба не е баш најдобра, а секогаш се однесувата онакако како што се чувствувате. Ништо не прикривате. Наместо да се расправате и нервирате, искоренете ја причината за вашата болест.

РИБИ
Идеално време е за духовни искуства, како и помагање на оние кои се соочуваат со проблеми. Стварноста е сурова и не ветува позитивен резултат на старите проблеми, па затоа се насочувате кон планови кои се поврзани со странство. Пожелно е да поведете повеќе сметка за себе и да не дозволите некој да ви влијае. Лав ќе се обиде да го направи токму тоа. Не му дозволувајте!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>