Top

Хороскоп за 29.01.2013 (вторник)

ОВЕН
Вашиот пргав темперамент настапува на сцена. Немојте да се зачудите доколку се почувствувате како жртва на насилство. За таа ситуација сами сте виновни. Успех секако ќе доживеете, но не со леснотијата која ја планиравте. Избегнувајте брутални луѓе и агресивно однесување.

БИК
Планирате да отпатувате некаде и да се одморите. Патување на подолг временски период ќе ви помогне да се опуштите и да заборавите на грижите кои сте ги имале во претходниот период. Бидете претпазливи бидејќи мало невнимание може да доведе до големи материјални штети. Бидејќи, како секој друг, сакате пари, таа загуба тешко ќе ја поднесете. Наскоро ќе ги решите сите проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Ви годи боемската атмосфера и спонтаност. Чувствувате потреба дека треба да се опуштите и уживате, а притоа никој да не ве критикува и да не ве оговара. Затоа ќе настојувате да бидете во друштво на личности со кои се чувствувате убаво. Многу шеги, убава храна и пијалоци ќе ве опуштат максимално. Но, не претерувајте!

РАК
Правите сè за да бидете креативени на вистински начин. Ова пред сè, се однесува на уметнички настроените припадници на овој хороскопски знак. Чувствувате голема привлечност спрема некоја личност. Бидејќи ситуацијата е мошне специфична, не е сигурно дека ќе дојде до некој конкретен резултат. Можеби сето ова ќе се сведе само на фантазирање и размена на информации.

ЛАВ
Можни се големи потешкотии при воспоставување на некои контакти. Не сте способно да ги објасните своите идеи и постапки. Но, многу е важно да сфатите дека проблемите потекнуваат од ваша страна. Целата ситуација ќе биде мачна. Чувството на изневереност и разочарување ве прави дефанзивни. Самотијата е вистински спас.

ДЕВИЦА
Овие денови сте преокупирани со работата и своето здравје. Доколку имате некој здравствен проблем, реагирајте смирено и побарајте помош од специјалист. Хипохондијата нема да ви помогне. Можеби треба да направите мала пауза од работата и да се посветите на љубов. Партнерот секогаш ви излегува во пресрет.

ВАГА
Сè перцепирате од одеалистичко-перфекционистички агол. Тоа неминовно доведува до разочарување бидејќи ситуацијата не е розева. Морате да вложите голем напор и да бидете подготвени на одрекување доколку сакате да ги надминете проблемите, иако трпението ви е при крај. Чувајте се од повреди.

СКОРПИЈА
Во центарот на вашето внимание се домашните и домот. Размуслувате за тоа како да ги подобрите условите за живот. Сеуште не се знае дали ќе направите голема промена или ќе купите неко ново парче мебел. Но, очигледно е дека штом нешто наумите морате по секоја цена да го остварите. Загрижени сте за еден член од семејството.

СТРЕЛЕЦ
И понатаму сте во одлична форма, барем кога е работата во прашање. Свесни сте за поставените цели и не се одрекувате од нивната реализација. Она што посебно ви годи е чувството дека никој не ви стои на патот при реализација на целите. Многу работа, но и конкретни резултати.

ЈАРЕЦ
Ја контролирате својата сензуалност. Ја потискате напнатоста во љубовниот живот бидејќи се соочувате со извесни сексуални и емотивни ограничувања. Не е ни чудо. Вие сте преосетлива личност дури и во комуникацијата со вашиот партнер. Мора да превземете нешто конкретно за да ја дадминете оваа ситуација.

ВОДОЛИЈА
Бидете реални и објективни, барем овие неколку денови. Активноста сведете ја на разумно ниво, одморајте се и дружете се со пријатни личности. Имунитетот е мошне слаб, па инфекциите и настинските земаат замав. Можеби е добро да примите вакцина против сезонски грип, ако веќе не сте во фаза на прележување на грип.

РИБИ
Вашите блиски мислат дека се однесувате многу чудно. А, партнерот се согласува со нивното мислење и смета дека сте мошне селективни и остри. Иако се обидува да ви ги предочи грешките, вие тешко дека ќе го послушате бидејќи не дозволувате никој да ви се меша во ставовите. Помош е неопходна. Побарајте мислење од неутрална личност.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>