Top

Викенд хороскоп (26-27.01.2013)

ОВЕН
Можни се проблеми кои се однесуваат на комуникација, патување, полагање испити. Чувајте се од непријатни ситуации. Еден близнак постојано ги попречува вашите проекти, па вие размислувате за можноста да го елиминирате од своето окружување. Во право сте!

БИК
Вниманието ви е насочено кон решавање на важни проблеми. Нема сомнение дека ќе постигнете успех, но не значи дека треба да ја занемарите околината. Вашиот партнер се чувствува запоставено, а смета дека може да ви биде од корист. Дозволете му да ви помогне, бидејќи во спротивно ќе ја потрошите цела своја енергија, а нема да постигнете многу.

БЛИЗНАЦИ
Вашата здравствена сосотјба не е баш најдобра. Стомачните проблеми ги забавуваат вашите активности, а можни се и проблеми со крвната слика. Финансиската добивка во голема мера го поправа вашето расположение. Прашање е колку долго тоа може да трае. Стрелец се обидува да ве шармира.

РАК
Чувствувате потреба за самотија, па затоа се дистанцирате од околината. После вообичаените активности утеха барате во домашната атмосфера. Не ве интересираат коментарите од другите. Психички ќе се смирите ако денот го поминете во читање книги или списанија.

ЛАВ
Не дозволувајте сенките од минатото кои ви оставиле трага во срцето да влијаат на личноста со која сте во врска. Не постојат идеали. Вистинските љубовни приказни имаат тажен крај. Посветете малку повеќе внимание на личноста која е до вас. Љубовта не е она што мислите.

ДЕВИЦА
Нештата можеби доцнат, но се случуваат кога најмалку се надевате. Финансиската добивка го подобрува вашето расположение. Односите со саканата личност бараат сериозен разговор. Постои криза на многу полиња во вашиот живот, а тоа покажува дека трпеливо треба да го почекате вистинскиот момент. Смирете се барем ден-два.

ВАГА
Повеќе ви одговара работа од вербална природа. Доколку успеете да ја реализирате својата замисла, сè ке биде добро. Во спротивно, ќе бидете нервозни и за сè ќе ја обвинувате саканата личност. Многу од припадниците на овој знак се во потрага по нова љубов. Би требало барем малку да ги намалите критериумите. Овен е одличен избор за вас.

СКОРПИЈА
Вложувате труд за да ги надминете своите проблеми, но и проблемите на своите пријатели. Иако не се чувствувате добро, се тешите, бидејќи сте тип на човек кој брзо се опоравува од стрес и блоести. Главата горе. Наскоро ќе биде многу подобро. Насочете се кон љубов.

СТРЕЛЕЦ
Ве очекува ден исполнет со активности, баш онаков каков сакате да ви биде секој ден. Ќе бидете растргнати на повеќе страни, па морате да бидете малку посконцентрирани. Мало невнимание може да има фатални последици. Доколку размилсувате за хируршки интервенции, одложете ги за неколку дена.

ЈАРЕЦ
Краток одмор ќе направи да чувствувате фантастично. Има повеќе теми на денешниот ден, но главни се љубов и уметност. Најдобро е да ги искомбинирате и да ужувате во овие две нешта. Тоа и можете да го направите, бидејќи се однесувате во согласност со своето расположение. Убавите зборови кои ви ги кажува вашиот партнер и одличниот секс ве водат на „седмо небо“.

ВОДОЛИЈА
Здравствената состојба се подобрува, а со тоа и вашето расположение. Одлично се чувствувате и планирате нови „лудости“ без кои животот не би имал смисла. Каде се видело сериозна водолија кај која однапред се знае што сака и што ќе направи? Саканата личност чека да ѝ посветите внимание.

РИБИ
Многу од припадниците на овој знак се чувствуваат измамено. Фантазијата е особено изразена, а доколку својата енергија ја насочите кон неа, постојат шанси да имате убав ден и да бидете задоволни. Доколку се насочите кон стварноста, ќе најдете замерки за многу нешта. Пожелно е накратко да ги затворите очите и да го промените аголот од кој ги гледате нештата.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>