Top

Хороскоп за 24.01.2013 (четврток)

ОВЕН
Ви претстои успешно деловно претставување и завршување на работните задачи кои бараат согласност помеѓу зборовите и делата. Но, кон крајот на денот може да бидете изненадени во негативен контекст, нервоза и желба да го истурите сиот свој бес на друга личност. Како да го избегнете агресивниот момент? Одете во кино или театар.

БИК
Можни се киксови на материјален план. Како да го направите овој ден поуспешен? Фокусирајте се на своето хоби и проблемите ќе исчезнат. Астролозите ви советуваат поголемо ниво на внимателност во комуникацијата со останатите бидејќи сите и не се така расположени и позитивни како што ви изгледаат. Повеќе пати се изгоревте, па учете од своите грешки и минато искуство.

БЛИЗНАЦИ
Планетарните аспекти укажуваат на конфузно однесување, психичка слабост и склоност кон инфекции. Денес убаво ќе се чувствуваат само оние Близнаци кои се фокусирани кон вистинските духовни вредности. Сепак, препорачливо е да посветите повеќе внимание на своето здравје бидејќи имунитетот е на минимално ниво.

РАК
Имате успешна соработка со Бик. Сакате финансиски награди и упорни сте кога нешто ќе наумите. Вашиот деловен партнер е многу нервозен, па ваша задача е да го смирите. Слободното време го поминувате во пријатна атмосфера во друштво на блиски личности. Внимавајте на исхраната и превземете нешто против вишокот килограми. Неопходен е добар режим на исхрана.

ЛАВ
Имате желба да се наметнете на околината. Но, кај Скорпиите ќе наидете на затворена врата на оваа тема. Па, обратете се кај другите. Сите постапки, дружења и чувства не се во стил на гламурозниот Лав, но што да се прави?! Наместо да критикувате, подобро би било да поработите на своето тело и дух.

ДЕВИЦА
Обидете се ваша главна преокупација да биде квалитетната исхрана. Во превод ова значи дека треба да се конзумирате здрава храна богата се хранливи состојки. Со тоа ќе се чувстувате многу подобро и ќе го намалите ризикот од вирусни инфекции. Одложете ги патувањата.

ВАГА
Мечтаете поради тоа што не сте задоволни од реалноста или имате нејаснотии во врска со извесни проблеми. Мал број припадници на овој знак знаат да бидат објективни спрема себе. Вие мислите дека сте објективни, но очигледно грешите. Морате да се соочите со проблемите. Ве мачи несоница.

СКОРПИЈА
Загрижени сте. Не дозволувајте паниката да ве совлада, остро погледнете ја вистината во очи. Можеби малку и претерувате? Зошто на сите околу вас им наоѓате мани? Зошто секоја ситуација ви изгледа полошо од што реално е?! Зошто е тоа така? Нешто страшно ве тишти и оптеретува.

СТРЕЛЕЦ
Претеравте со забавување, па сега не ви е до ништо. Здравјето ви е загрозено. Штом проблемите малку попуштат, вие сте се фрлиле на вечерни излегувања без да се штедите. Ви се советува повеќе одмор, класична терапија и исхрана богата со витамини. Односите со партнерот би можеле да бидат и подобри, што значи дека морате да се поправите.

ЈАРЕЦ
Не дозволувајте да изустите зборови поради кои подоцна ќе се каете. Во фаза сте на себе-наштетување, а и на другите. Доколку тоа го правите несвесно не значи дека се ослодувате од одговорност. Нервозата е резултат на прекумерна работа. Прифативте повеќе обврски отколку што можете реално да завршите.

ВОДОЛИЈА
Идеална комбинација за денес: Вие и Стрелец. Најдобро би било да се држите еден за друг. И двајцата сте несериозни кога е во прашање здравјето, па не е ни чудно што се чувствувате лошо. Благите работи фрлете ги од вашиот дом, а оброците збогатете ги со витамини. Побарајте помош од Рак, тој ќе се грижи за вас.

РИБИ
Повеќето од вас се чувствуваат убаво. Летаат со крилјата на фантазијата, среќни се и заљубени до уши. А, оние малкуте припаници на овој романтичен знак се наоѓаат во фаза на расчистување на емоциите од некоја мината врска. Не ви е воопшто лесно, со оглед на тоа дека емоциите беа јаки и долготрајни.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>