Top

Хороскоп за 22.01.2013 (вторник)

ОВЕН
Претприемачкиот дух и брзите одлуки ве прават мошне успешни. Но, внимателно. Почитувајте ги законските одредби и расправии со луѓе кои не се виновни. Вразумете се и фокусирајте се кон вистински вредности. Смислата на животот е тука, но времето е кусо. Не го трошете залудно. Близнаци ви спремаат изненадување.

БИК
Преосетливоста има цена. Таа не е за занемарување бидејќи има влијание на здравјето. Не сте во ситуација да се трошите емотивно на било што, бидејќи тоа се одразува на вашата конституција. Слаба точка се жлезди, хормони и психосоматски болести. Дали е вредно да се нервирате за нешта врз кои не сте моќни да влијаете?

БЛИЗНАЦИ
Ги искористувате сите ваши таленти. Носите брзи одлуки и тргнувате во акција. Од целата ситуација добро ќе профитирате. Ова, во прв ред, се однесува на деловниот аспект. Спрема партнерот се однесувате со особено внимание и претпазливост. Непромислените зборови можат да бидат фатални по однос на љубовната врска.

РАК
На работното место функционирате феноменално. Сите задачи и обврски ги завршувате со перфектна точност. Работник без маани. Избегнувајте тимска работа. Но, доколку бидете принудени на таков облик на работење, не ги критикувајте другите и не се расправајте. Внимавајте на сопственото здравје.

ЛАВ
Имате нескротлива желба за акција, неуморни сте и се расправате со секој кој се обидува да ви застане на патот. Вашата нервна раздразднетост е последица на проблемите со кои се соочувате и нивното бавно решавање. Но, за среќа, ништо алармантно. Егото ви е на максимална граница.
Имате потреба да се докажувате на работното место.

ДЕВИЦА
Успешен ден. Одлично ви одат од рака работите врзани со хартија, договори и недвижнини. Бидејќи не сте навикнати на брзо темпо, астролозите ви советуваат особено внимание. Исто така, внимавајте како се однесувате во сообраќајот. Нервозата е резултат на прекумерна работа.

ВАГА
Остварувате успешна комуникација. Доколку подготвувате испити или некое стручно усовршување, вистински момент е плановите да ги преточите во дела. Но, она што од самиот старт можете брзо да го одчлучите е патување. Макар и кусо, на ден – два. Не ве држи место, а вашиот дом ви претставува вистински терет. Веројатно се изборивте со финансиските проблеми?

СКОРПИЈА
На прв поглед делувате смирено, но длабоко во себе имате чувство на силна тензија. Имате желба да се ослободите од тој внатрешен немир, па се фокусирате на работата. Вистински избор! Деловните проблеми бараат одлична концентрација, а притоа нервозата е во втор план.

СТРЕЛЕЦ
Се нервирате за ситници, за мааните на вашите блиски луѓе и за секој кој ќе ви се најде на патот. Но, дали вие сте идеални? Зошто од другите го очекувате она што ни самите не сте подготвени да го направите? Пршања има безброј, а од вас зависи дали ќе дојдете до адекватни одговори. Колку сте посубјективни спрема себе, толку подобро.

ЈАРЕЦ
Се колебате и немате храброст да донесете одлуки. Уште еден доказ дека не сте сигурни во себе, но и поттик да се поправите во најбрз можен рок. Располагате со исклучителни деловни квалитети, во поголема мера отколку било кој друг астролошки знак. Јaрецот е симбол за амбиција и деловен успех. Само храбро!

ВОДОЛИЈА
Чувствувате голема внатрешна напнатост и незадоволство, па препорачливо би било да бидете особено внимателни со цел да избегнете компликации. Особено при управување со моторно возило. Само со одмерени и промислени чекори можете да избегнете повреди и психички проблеми. Не сте ни свесни колкава поддршка имате од ѕвездите.

РИБИ
Одличен ден за напредување и признанија во сите сфери. Но, доколку бидете арогантни и препотентни, нема да успеете. Постои можност од здравствени проблеми кои произлегуваат од направилниот начин на исхрана, па превземете нешто. Ви претстојат значајни промени.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>