Top

Викенд хороскоп (19-20.01.2013)

ОВЕН
Раководејќи се според гласот на разумот одлучувате да тргнете во акција. Доколку добро сте размислиле и сте ги анализирале сите варијанти, ќе биде одлично! Изразен е креативниот аспект од вашиот карактер, така да реализирајте ги вашите идеи. Само со конкретни акции може да ги докажете сопстевните вредности. Не се живее од празни зборорви. Се соочувате со емотивна нејаснотија.

БИК
Убавини во сите животни аспекти. Љубовта и уметноста се на прво место, но ни другите сегменти не изостануваат. Побарајте стручен совет доколку имате проблеми со жлездите и хормоните. Лавовите ви нудат нешто повеќе од обична соработка. Имајте ги на ум!

БЛИЗНАК
Вашиот силен нервен систем има потреба од многу активности. Но, добро размислете пред да превземете било каква акција. Отворено барајте помош од својот партнер бидејќи сеуште се однесувате и размислувате како мало дете и немате објективни гледишта. Топол совет: не ги трошете енергијата и времено залудно.

РАК
Без никаква причина имате чувство на ниска вредност према личности од спротивниот пол. Причината за ваквото однесување е недостиг на самодоверба. Исто така, викендов ќе бидете неосновано љубоморни. Вашиот партнер е многу комплицирана личност, но морате да се изборите со неговите проблеми и она што најмногу ви пречи – неговата тврдоглавост.

ЛАВ
Уживате во сите среќни моменти кои ви ги нуди животот. Се чувствувате одлично, полни сте со енергија и љубов. Но, препорачливо би било да бидете умерени во сите аспекти. Внимавајте на своето здравје бидејќи постојат извезни ризици. Најдобро функционирате во друштво на Бик и Вага.

ДЕВИЦА
Пред вас е напорен викенд, ќе мора да ја вложите сета расположлива сила. Тешко се одрекувате од започнатото, но препорачливо би било да се откажете доколку сакате да функционирате поедноставно. Веќе од понеделник со голема леснотија ќе ги завршите сите обврски, а и сите проблеми ќе исчезнат.

ВАГА
Можни се здравствени проблеми како резултат на преголем стрес. Избегнувајте консумација на благи работи. Ваги, викендов однесувајте се во согалсност со вашиот знак – врамнотежено. Само така нема да има проблеми. Со партнерот сте во одлични односи. На слободните ќе им се случи нова врска.

СКОРПИЈА
Само Водолија може да ве спаси од состојбата во која се наоѓате. Размислувањата во врска со иднината ве паничат и ви создаваат страв. Наскоро ќе добиете нова идеја која воедно ќе биде решение на сите ваши проблеми. Не ви е лесно, но сетете се на претходните искуства.

СТРЕЛЕЦ
Понекогаш, добро е да знаете да поразговарате. Викендов вашите зборови злато вредат. Бележите успеси на секое поле. Бидејќи премногу верувате во сопствените физички способности, може да се соочите со здравствени проблеми како резултат на префорсираност. Моментално на удар се метаболизмот и нервниот систем.

ЈАРЕЦ
Желбата за доминација е нагласена, но не му замерувајте на партнерот доколку ви предочи дека го преоптеретувате. Размислете го добро она што ви го кажува и обидете се да се промените. Нема да биде лесно, но верувајте, ќе биде корисно. И очекувано, ќе следат пофалби од околината.

ВОДОЛИЈА
Вложувате максимален напор, но постигнувате минимални резултати. Сепак, трудот ќе се исплати. Избегнувајте непромислени изјави и насилие бидејќи може да имате сериозни проблеми. Практикувајте прошетки на свеж воздух. Дружете се со Скорпии.,

РИБИ
Добро расположение, потреба од усовршување и нов приод кон старите проблеми. Овие аспекти викендов ќе го направат интересен. Скориите ќе ви помогнат да функционирате подобро, но пак, во нивно друштво се чувствувате омаловажени. Имајте на ум дека ова е само субјективна проценка. Бидете свесни за сопствените квалитети.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>