Top

Хороскоп за 17.01.2013 (четврток)

ОВЕН
Чувствувате потреба да се изборите за нешто и да тргнете во акција. Супер ќе биде доколку успеете да ја совладате овновската нетрпеливост. Наскоро следува разрешување на големи животни проблеми. Барем ќе знаете на што сте бидејќи неизвесноста ве убива. Нова љубов е на повидок, а некои од вас пак, мечтаат за принова.

БИК
Расположението го менувате во зависност од планетите. Моментално сте во позитивна фаза. Задоволни сте бидејќи одлично функционирате на емотивен план. Премногу ви значи односот со љубовниот партнер. Доколку тој не е во ред, воочувате нешта на кои вообичаено не внимавате. Тогаш и здравјето е на удар.

БЛИЗНАЦИ
Искористете ја моќта на вниманието. Не го трошете својот талент на глупави нешта. Ви се нуди добра деловна шанса и можност за успешно вербално докажување. Скорпиите ќе ви помогнат во одредени ситуации и на тој начин подобро ќе функционирате. Ви претстои нервозен период.

РАК
Покомплицирани од вас нема. Вашата природа постојано има потреба од нешто повеќе и подобро. Никогаш не ви е доволно. Но, мора да увидите дека честопати сте амбивалентни, и тоа без причина. Одговорите мора да ги побарате во себе. Чувајте се од повреди, особено од сообраќајни.

ЛАВ
Функционирате врз емотивна база. Воедно, мечтаете за патување на некоја далечна дестинација. Дел од припадницате на овој знак се соочуват со здравствени проблеми, а повеќето успеваат да ги реализираат своите дневни цели. Во комуникација со Риби ќе се чувствувате искористено.

ДЕВИЦА
Извонредно успешен работен ден. Со физичката сила сте на маргиналите, се наоѓате на раб на преголем замор, па работете во граница на нормалата. Сугестивно делувате на околината, но од друга страна, метаболизмот ви е успорен, а нервниот систем сериозно загрозен. Партнерот ве доживува како доминантна личност во врската. Мора да попуштите.

ВАГА
Ситуацијата не е променета, но се чувствувате подобро. Она што ве нервира сега е во втор план. Како да ви паднал камен од срце. Постепено собирате енергија за нови достигнувања. Уживате во убави нешта, сакате пофалби, а ако не ги добиете правите проблеми.

СКОРПИЈА
Ситуацијата во која се наоѓате ветува многу голем деловен успех, признанија и одлични догоговори. Можни се кавги и несогласувања со партнерот кои произлегуваат од потребата да се докажувате. Не секогаш сте во право. Во комуникација со околината ќе сфатите што треба да сторите и како да си го поедноставите животот. Намалете го апетитот.

СТРЕЛЕЦ
Ви претстои успешен и креативен ден. Во која мера ќе профитирате од него, зависи од сопственото ангажирање. Мора да бидете вредни и стрпливи, но не само на работното место. И партнерот сака внимание. Занимавањето со уметност ви причинува вистинско уживање. Романтично сте расположени и сакате љубовни авантури.

ЈАРЕЦ
Премногу очекувавте, па сега малку сте разочарани. Моменталното песимистичко расположение наскоро ќе исчезне, иако некои припадници на овој хороскопски знак подолго време се разочарани и депримирани. Запрашајте се што треба да направите за да ја надминете оваа ситуација. Доколку се соочувате со некаков здравствен проблем, постои ризик од погрешна дијагноза. Внимавајте!

ВОДОЛИЈА
Во незадоволството лежи болеста со која се соочувате, или пак, субјективното чувство дека сте болни. Не очекувајте премногу од денешните случувања, во спротивно, ќе се разочарате уште повеќе. Ви се советуваат трпеливст и фокусирање кон друштвото кое позитивно деува врз вас и не ве терети. Бидете пасивни во поголема мера.

РИБИ
Во друштво на саканата личност правите планови без реално издржана основа. Едноставно, убаво ви е кога мечтаете. Физичката сила не ви е на завидно ниво, проблемите со срцето можат да произлегуваат од некој потиснат страв. За почеток, посветете повеќе внимание на сопственото здравје.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>