Top

Хороскоп за 15.01.2013 (вторник)

ОВЕН
Дали размислувате правилно? Можеби некои ваши планови се премногу утопистички па ја отежнуваат моменталната ситуација? Проблеми има безброј, дилеми исто така. Воопшто нема да ви биде лесно, но љубов без болка не постои, па ни решение без солзи. Бидете упорни и трпеливи.

БИК
Периодов интензивно размислувате за плановите. Амбициозни сте поради поволниот планетарен аспект. Нешто веќе реализиравте, но не сакате да живеете на стаклени нозе. Потребен ви е стабилен допинг во вид на нова работа и финансиска стимулација. Вие сте типичен припадник на земјените знаци – практичен!

БЛИЗНАЦИ
Ја трошите последната енергија. Избегнувате тешки обврски и функционирате на линија на помал отпор. Трошите сили на ситуации кои не се вредни за внимание и се нервирате за неважни работи. Во моментов, партнерот е уште еден погрешен избор.

РАК
Што се случува со вас? Опкружени сте со кавга и конфликти, иако при најмала опасност знаете да се повлечете. Околината тешко ги прифаќа вашите промени, а тие промени се повеќе од очигледни. Доколку сакате да успеете, ќе мора вешто да се справите со злонамерното окружување. Од таа битка ќе излезете како победник. Само сетете се на претходните искуства.

ЛАВ
Ви претстојат видни промени во животот. Токму тоа е одговор на прашањето поради кое сте толку креативни, тактични и полни со убави манири. Партнерот ќе ви помогне да ги задоволите потребите и да уживате во убави нешта. Внимание и подарок ќе го поправат вашето расположение.

ДЕВИЦА
Планирате нова работа која бара тимски дух. Нема да биде едноставно, од причина што умеете вредно да работите, па истото го очекувате од останатите. Наредните денови ставете акцент на исхраната и здравјето. Работата може да почека. Осетливи сте и ранливи на зборовите на партнерот.

ВАГА
Нова љубов или поинаков пристап кон старата ќе ви го разубави денов. И домашните се тука да го поправат вашето расположение. Ќе ве израдуваат со ситници и постигнати успеси. Размислувате во креативна насока. Со нов ентузијазам тргнувате во нови работни походи. Треба да го искористите овој поволен момент, особено за финансиска добивка.

СКОРПИЈА
Немате многу слободно време, а сакате да уживате во топла домашна атмосфера. Денес сакате да бидете во топли пижами, удобни папучи и да уживате во мирисот кој доаѓа од кујната. Без особено оправдана причина тешко дека ќе излезете од дома. Собирате сила за нови потфати и планирате нешта во врска со адаптација на животниот простор.

СТРЕЛЕЦ
Не мирувате. Слободните моменти ги користите за интензивни телефонски разговори. Успешната комуникација, промените и адаптибилноста уште повеќе го потенцираат вашиот деловен талент. Моментално се чувствувате неуморно, но помалку и нестабилно. Внимавајте на нервниот систем.

ЈАРЕЦ
Проблемите со грлото се последица на прекумерно пушење цигари и многу гласно зборување. Еднострано гледате на животот, докажувајќи ја исправноста на сопствените потези таму каде е илузорно. Нервозите се неминовни. Не се живее од празни зборови, па сконцентрирајте се кон нешта кои го поправаат расположението – пари и други вредности.

ВОДОЛИЈА
Постојано сте под блага тензија – едноставно, таква е вашата природа. Така што моменталната состојба прифатете ја со леснотија. Моментално сте хиперактивни, размислувате за нови нешта и не ви е здодевно. Би требало малку да се опуштите и да уживате со друштвото.

РИБИ
Постојано нешто планирате, но ништо конретно не превземате. Би било одлично доколку имате некој на кој можете да се потпрете бидејќи ви недостига храброст за да се изборите со животните проблеми. Малкумина од вас добиваат безрезервна поддршка од својот партнер. Повеќето се во постојана потрага по партнер и вистински животни вредности.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>