Top

Хороскоп за 01.02.2013 (петок)

ОВЕН
Постигнувате многу со минимален труд. Избегнувајте непромислени чекори и предвремени акции бидејќи можат да ви се вратат како бумеранг. Склоноста кон повредите е нагласена затоа бидете внимателни во секој поглед. Мора да го униформирате својот став. Водолиите ве нервираат, претпазливо со нив.

БИК
Доколку мислете дека не сте среќни – грешите. Пред вас е динамичен ден полн со изненадувања, можеби и премногу за еден Бик склон кон комфорт. Мора малку да се изнервирате, но тие нервози и тоа како ќе се исплатат на крај. Некои идеи треба да ги зачувате само за вас бидејќи конкуренцијата може да биде многу безобразна.

БЛИЗНАЦИ
Се’ ви е на дофат на рака, но никако во целост да се реализира. Многу од вас се соочуваат со проблем од здравствена природа, сопствен или од поблиската околина. Постои можност за обновување на некоја врска од минатото или состанок со старата љубов. Не се оптеретувајте со глупости.

РАК
Во прв план е работата, а чувствата се занемарувачки. Штом на сцена ќе стапне разумот се активираат потенцијалите со кои располагате и проблемите ги заборавате. Тие се последица на преосетливост и идеализирање на личностите со кои контактирате. Совршени сте? Не, далоку од тоа. Имате мани ко и секој друг.

ЛАВ
Доколку атакувате на материјални придобивки, ќе имате големи проблеми. Во периодов препорачливо би било да се занимавате со уметност и аспекти на кои им треба фантазија. Креативните особини од вашиот карактер се нагласени, па на тоа поле треба да очекувате големи успеси. Не е време да размислувате за пари.

ДЕВИЦА
Сеуште не е идеално време за отпочнување нови работни активности, ниту пак за донесување стратешки одлуки. По природа сте трпеливи, па почекајте уште некој ден. Тогаш се’ ќе се заврши со голема леснотија. Односите со партнерот не се идеални. Во моментов, дефанзивен став е исправен и препорачлив.

ВАГА
Би било супер доколку доброто расположение би траело подолго. Ве очекува многу пријатна случка со друштвото. И партнерот настојува да ви ги исполни желбите. Тие се однесуваат на амбиции поврзани со добар шопинг. Нервозата е последица на прекумерни активности. Организирајте се подобро.

СКОРПИЈА
Подолго време сте изложени на негативно влијание од страна на планетите, па не ви е до ништо. Трпението не ви е јака страна, но што да се прави? Во периодов препорачливо би било повеќе да се дружите со цел полесно да ги пребродите препреките. Наместо да размислувате за проблемите, водете љубов.

СТРЕЛЕЦ
Нервозата и конфликтите произлегуваат од ваша страна и во целост се субјективни. На нив многу лесно можете да влијаете доколку се однесувате коректно со околината. Не зборувајте многу, туку научете да ги слушате соговорниците. Партнерот е секогаш во право, дури и кога мислите дека не е.

ЈАРЕЦ
Погрешни потези, лоши проценки и разочарувања. Сите се дел од животот. Лоши нешта им се случуваат на сите, па не можете само вие да бидете исклучок. Не паничете доколку имате проблеми со желудникот и дигестивниот систем. Сето тоа доѓа од вашата потсвест, меѓутоа не би било лошо да вни

ВОДОЛИЈА
Можни се недоразбирања со Овен. Тие го наметнуваат сопственото темпо, а притоа не внимаваат на ништо. Ни здравјето не е сјајно. Зголемен е рисикот за срцеви заболувања, а не е ни далеку некаков итен хирушки зафат. Препорачливо би било физичките активности да ги сведете на минимум и сите негативни влијанија да ги елиминирате.

РИБИ
На прв поглед делувате наивно и беспомошно. Моментално се наоѓате во фаза на решавање на емотивните проблеми, доживеана фатална љубов или лечење на старите рани. Можни се проблеми со хормоните или пак жлездите. Сепак, лекар посетете само во итен случај.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>