Top

Викенд хороскоп (02-03.02.2013)

ОВЕН
Направете се’ за да ги задоволите вашите естетски апетити. Многумина од вас ќе ја реализираат во целост оваа замисла. А, останатите ќе бидат пасивни посматрачи. Но, смислата за убавото ќе биде испочитувана. Ќе уживате во убави нешта. Ако ништо друго, барем преубаво се чувствувате.

БИК
Од ден во ден вашата емотивна врска е понесигурна, па станувате нетрпеливи. Сакате да знаете на што сте. Партнерот го ставате на свршен чин по секоја цена, но и тој вас. Многу нејаснотии во врска со односот помеѓу вас ќе бидат разрешени. Токму тоа можеби некому нема да му одговара?

БЛИЗНАЦИ
Ви претстои период на успешно реализирање на деловните обврски и работните задачи. Преокупирани сте со работата, но таа нема да ви пречи да останете во контакт со личностите кои ви значат. Ќе донесете важна одлука за евентуално заминување во странство.

РАК
Ја расчистувате целата ситуација, а притоа пријателите ги ставате во сенка и не им обрнувате многу внимание. Во моментов, можеби и најдобро решение би било да им свртите грб со цел да не настане поголема кавга. И самите симптоми укажуваат на нарушени пријателски односи. Проблемите со комуникацијата имаат подлабоки корени.

ЛАВ
Ве преокупираат многу работи. Како ќе излезете на крај? Ви пречат дофрлања од страна, посебно кога не станува збор за добронамерни совети. Вие навистина сте во потрага по конкретна помош. Но, доколку не постои адекватна помош препорачливо би било околината да ве остави на мир. Нервозата е засилена, но веќе се глада светло на крајот од тунелот.

ДЕВИЦА
Соработниците буквално ги минираат вашите идеи, но тоа нема да ви попречи за да ги остварите во целост. Ненаметливи сте, но успешни, па баш поради тоа успехот ќе биде на ваша страна. Прашање кое треба во моментов да си го поставите: Дали вреди да се крева токлу голема прашина околу се’?

ВАГА
Конечно можете да здивнете. Грижите и сите проблеми се веќе зад вас. Свесни сте дека комплетно владеете со сите ситуации. Но, до кога? Се знае: Додека има пари – ќе има и музика.
Во спротивно, голема нервоза, нетолерантност и сите негативни особини од вашиот карактер.

СКОРПИЈА
Задоволни сте од постигнатите резултати. Токму тој успех ве стимулира да почнете да ја планирате иднината. На сугестивен начин ја убедувате околината во своите идеи. Никој нема да остане имун на вашите квалитети. Зошто секогаш морате дополнително да се докажувате?

СТРЕЛЕЦ
Ви претстои успешен викенд, но под услов да се фокусирате на нови и интересни чекори. Не пропуштајте ниедна прилика, особено ако во прашање се договори и финансиски трансакции. Наоѓате време за сe’, па и за релаксација. Партнерот се чувствува запоставено. Поканете го на прошетка или

ЈАРЕЦ
Многу очекувавте. Но, ситуацијата се искристализирала, па очигледно е дека сте се прецениле, себе а и другите. Потребата за љубов е изразена, но вашата себична природа допринесува никој да не ја примети таа потреба. Тргнете во директен напад!

ВОДОЛИЈА
Мислите ви се крајно неповрзани и се наоѓате на сосема погрешен пат. Непријатно се чувствувате. Сакале или не, морате да се прилагодите кон новите животни услови. Многу од вас чекорат напред, но има и такви Водолии кои доживуваат пораз. Забавете го темпото и фокусирајте се кон љубов.

РИБИ
Морате да бидете практични и реални. Пробајте да не ја потиснувате во себе сета агресија. Нека избие кавга! Барем ќе ви биде полесно, бидејќи ќе ги избегнете психосоматските тегоби кон кои сте склони. Зошто отворено не порагзговарате со вашиот партнер? Ако ништо поеќе, ќе бидете на чисто.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>