Top

Хороскоп за 05.02.2013 (вторник)

ОВЕН
Имате мислење дека погрешно сте ја процениле целата ситуација, па сега се нервирате и постојано се колебате. Немате основана причина за тоа. Ви се советува консултација со личност која може да ви помогне. Интензивно контактирате со странство или планирате до одите на кусо патување. Проблемите со срцето се од минлив карактер. Љубовта и помнатаму цути.

БИК
Сакате да се диснатцирате од се’ и сешто, да бидете сами или да направите кус мозочен излет. Тоа и те како ќе ви годи. Не ја лупајте главата од ѕид поради разочарување од нешто во кое вложувавте многу. Многу скоро нештата ќе тргнат по вистинскиот колосек. Повеќе внимание посветете му на партнерот и фамилијата.

БЛИЗНАЦИ
Наидувате на вообичаената препрека кога е работата во прашање. Тоа ве прави многу нервозни. Нервозата е посилна од вас, иако со неа само ги комплицирате нештата и го одложувате решавањето на проблемите. Партнерот се обидува да ви укаже на грешките, а вие останувате глуви пред него. И како по обичај, работите по свое. Наскоро ќе видите дека треба да го послушате партнерот.

РАК
Одлично се чувствувате, го работите она што го сакате. Ќе имате време и за уживање. Станавте имуни на секој можен проблем, освен на финасиските проблеми кои можат да ве извадат од контрола. Од партнерот не очекувате ништо спектакуларно, но тој очекува од вас. Потребни сте му.

ЛАВ
Поприлично сте мрзливи, ви недостига виталност. Нешто ве кочи за да тргнете во акција, но свесни сте дека морате тоа да го направите. Доколку ја одложувате, можни се проблеми. Поразот тешко се поднесува, а особено тешко го поднесувате вие. Морате да соберете сили за акција и истата да ја спроведете во дело. Ќе успеете.

ДЕВИЦА
Грешите доколку мислите дека никој не ве разбира. На околината и е преку глава од вашата себичност. Морате да работите на вашиот карактер: да бидете отворени, искрени и толерантни. Сакате да ви се случи вистинска љубов, но на сите им наоѓате мани. Вие совршени сте?

ВАГА
Ви недостига објективност, па не сте во состојба да ги согледате сопствените грешки, како на деловен, така и на емотивен план. Можеби некои свои особини сте ги прецениле или потцениле? Вашиот систем на вредонсти е тотално пореметен, па морате сериозно да размислите околу ова прашање.

СКОРПИЈА
Повторно, тема на денот се љубовните проблеми. Можеби мислевте дека ги надминавте, но неусогласеностите од емотивна природа повторно стапуваат на сцена. Подготвени сте да се жртвувате, да бидете верни, но партнерот на овој ваш став верува само делумно. Ќе го освоите со вашата итрини.

СТРЕЛЕЦ
Вие сте фокусирани кон себе и задоволување на сопствените потреби. Најдобро знаете како да го поправите моменталното расположение и да излезете од депресија. Не дозволувајте мрзливоста да ве совлада. Активно соочете се со сопствените проблеми и превземете конкретна акција. Партнерот е секогаш тука за да ви помогне. Не ги занемарувајте неговите совети.

ЈАРЕЦ
Колегијалните односи се на удар, но тоа вас не ве загрижува. Ситуацијата е алармантна по однос на партнерот бидејќи толеранцијата речиси и да не постои. Вашата фамилија трпи поради ова ваше однесување. Морате нешто да превземете. Бидете објективни при расудувањето и донесувањето одлуки и се’ ќе биде во ред.

ВОДОЛИЈА
Меѓусебните односи, кои никогаш не се идеални, денес се особено проблематични. Чувствувате страв за сопствената егзистенција. Нормално дека не можете да бидете рамнодушни кога заканите се се’ почести и почести. Ви се советува смиреност, бидејќи моментално малку можете да влијаете. Спас побарајте во нештата и луѓето кои ги сакате.

РИБИ
Имате чувство дека некој страшно си поигрува со вас кога работата е во прашање. Никако да ве остават на мира. Иако, навремено ги реализирате задачите некому тоа не е доволно. Бара влакно во јајце, а тоа вас ве иритира. Не дозволувајте овие провокации да влијаат на вашето расположение.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>