Top

Викенд хороскоп (30-31.03.2013)

Овен
Се нервирате за секоја ситница и им наоѓате мани на домашните и на сите што ќе ви се најдат на патот. Дали сте вие идеални? Зошто очекувате од другите нешто што ни самите не можете да го исполните? Колку пообјективно размислувате толку подобро за вас.

Бик
Активен дух и брзи одлуки, тоа ве карактеризира вас и ве прави успешни, но мало невнимание ќе ги намали резултатите. Избегнувајте законски процеси и караници со луѓе кои не се виновни. Вразумете се и свртете се кон вистинските вредности.

Близнаци
На работа функционирате одлично. Сите задачи ги исполнувате на свој начин и со перфекционизам. Вие сте работник за пример. Единствено може да се потпрете на сопствените сили, избегнувајте тимска работа. Ако сте принудени да соработувате, тогаш избегнувајте караници.

Рак
Одличен ден за напредување и признание во материјална и во духовна сфера. Само доколку бидете арогантни и препотентни, нема да успеете. Бидејќи се можни здравствени проблеми што произлегуваат од погрешна исхрана, коригирајте го тоа. Се наоѓате пред значајни промени.

Лав
Сакате слободна акција, неуморни сте во создавањето, па влегувате во конфликт со сите. Нервната раздразливост е последица на моменталните проблеми. За среќа, не е алармантно. Егото е силно, бидејќи се докажувате низ работата.

Девица
Бидејќи чувствувате силна внатрешна напнатост и незадоволство, пожелно е внимание за да не ги искомплицирате работите. Тоа првенствено се однесува на возењето. Само со одмерени постапки можете да ја избегнете опасноста од повреди. Имате поддршка од ѕвездите.

Терезија
Спречени сте во одлуките, се колебате не верувајќи во резултатите. Грешите! Уште еден доказ дека без причина сте несигурни, па мора да се коригирате. Деловните квалитети се секогаш ваш адут. Вие сте симбол за амбиција и за деловен успех. Само храбро.

Скорпија
Иако на прв поглед изгледате смирено, чувствувате силна внатрешна тензија. Сакате да се ослободите, па се вртите спрема работата. Изборот ви е вистински, деловните проблеми бараат добра концентрација, а со тоа не и обрнувате внимание на напнатоста.

Стрелец
Сакате слободна акција. Одлично ги извршувате работите со хартија, договори, недвижности. Бидејќи не сте навикнати на толку брзо темпо, ви се советува да бидете внимателни поради можност да доживеете повреда. Во прашање е и сообраќајот, бидете внимателни и ќе избегнете опасност.

Јарец
Пречувствителноста има своја цена. Таа не е безизлезна, бидејќи се однесува на здравјето. Не сте во ситуација емотивно да се трошите на што било, бидејќи тоа се одразува на вашата конституција. Слаба точка се жлездите, хормоните. Дали вреди да се нервирате, размислете.

Водолија
Ги покажувате сите таленти. Донесувате брзи одлуки и тргнувате во акција. Бидејќи функционирате под поволни планетарни влијанија, профитирате од ситуациите. Ова првенствено се однесува на деловната страна. Со партнерот бидете внимателни, посебно ако е Овен.

Риби
Остварувате успешна комуникација. Доколку подготвувате испити и планирате стручно усовршување, вистински момент е од зборови да преминете на дела. Веднаш ги прифаќате патувањата, макар на ден-два. Место не ве фаќа, куќата ви станува претесна.

Извор: Утрински

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *