Top

Викенд хороскоп (06-07.04.2013)

Oвен
Треба да пребродите тежок ден во кој се ќе се одвива наопаку. Бидејќи се работи за краток временски интервал, стрпете се и обидете се работите да ги сведете на минимум, бидејќи утре се ќе ви оди побрзо и подобро. Ќе го надоместите пропуштеното.

Бик
За околината изгледате моќно, па многумина ќе ви излезат во пресрет, дури и намќорестиот шеф. Со партнерот работите не стојат баш најдобро, бидејќи претеравте со посесивноста и љубомората. Нему му е доста од тортура и ќе се обиде навистина да го реализира она за што го обвинувате.

Близнаци
Свесни сте за некои свои мани. Една од многуте е тоа што имате змија во џебот кога се парите во прашање. Тешко се одвојувате од парите. Бидејќи денот е добар за заработка, а уште подобар за издатоци, галантно ќе се фрлите во трошење пари за некоја вредна работа.

Рак
Размислувате за брак, судски спорови или јавност. Ќе морате да вложите дополнителен напор за да ги решите новите проблеми. Бидејќи не ви е досадно, почнете да ги елиминирате еден по еден. Кога би успеале емотивно да се средите и ја прифатите саканата личноста онаква каква што е, би било одлично.

Лав
Бидејќи функционирате под нагли приливи на енергија, ќе морате да бидете внимателни, бидејќи можете да доживеете незгода. Почнете да размислувате практично и направете вистински избор меѓу идеалот и стварноста. Морате да размислите што понатаму.

Девица
Свесни сте за фактот дека морате да се менувате, но вам тоа тешко ви паѓа. Полесно ви е да се жалите над сопствената судбина. Фатете се во костец со проблемите, свртете им грб. Необични работи и неконвенционални личности може во тоа да ви помогнат. Ќе ве спаси една Водолија.

Терезија
Во љубовта ви се случуваат непријатности. Не ви е лесно. Разделбата, макар и на кратко може да ја извлече врската од криза. Бидејќи сте љубоморни повеќе отколку што би требало, а не покажувате чувства, кавгите се неминовни. Тешко на оној што е со вас, вие сте толку комплицирани.

Скорпија
Бидејќи овие денови буквално се изнауживавте до максимум, сега чувствувате потреба на извесно време да се повлечете. Краток одмор и средување на сметките засега е во прв план. Во љубовта почна да ви се случува нешто што не сакате да признаете никому, па дури ни самите на себе.

Стрелец
Проблемот на денот е нешто од што се ужаснувате, а тоа е досадата. Во очекување на спектакуларни работи, се ви се чини глупо и помалку вредно отколку што навистина е! Уште кога на сето тоа ќе додадете честа промена на расположението, едноставно ви доаѓа да пукнете од мака.

Јарец
Успешен ден во секој поглед. Полни сте со елан и тргнувате во нови потфати не штедејќи ниту малку од своите можности. Грешите, бидејќи заморот може лошо да делува на вашето здравје. Многу од вас се вљубени и фантазираат за прељуба. Триаголник е опасна работа.

Водолија
Подготвено влетувате во нови предизвици. Кога е акција во прашање, нема подобар од вас. Бидејќи заработувачката е на повидок, а вие прилично се истрошивте, решавате да ги правите само работите кои ветуваат добра финансиска заработка. Денот го поминувате во преминување на многу заблуди.

Риби
Се однесувате како да сте најпаметни и најубави. Има и во тоа вистина, но спуштете се на земја, па видете што се случува. Резултатите најдобро зборуваат за вашите квалитети. Не оптоварувајте се ни вие, а не го оптоварувајте ниту партнерот со проблеми, зашто треба да и се најдете на саканата личност.

Извор: Утрински

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>