Top

Викенд хороскоп (13-14.04.2013)

ОВЕН
Деловен успех, емотивна нестабилност. Да се радувате или да се нервирате? Радувајте се, затоа што љубовните несогласувања имаат минлив карактер, а смирувањето може да ја зацврсти врската. На емотивен план се појавуваат разни ограничувања предизвикани од вашите неконтролирани постапки.

БИК
Одличен деловен период придружен со финансиски успех. Ќе се исплатат сите ваши нервози и смели вложувања. Можни се здравствени проблеми и лоша крвна слика. Зајакнете го имунитетот со исхрана богата со витамини. Еден Овен ќе ве исфрли од колосек.

БЛИЗНАЦИ
Особината на добар психолог ви оди во прилог. Од неа имате поголема корист отколку што можете да претпоставите. На никого нема да му успее да ве насамари. Ја држите деловната ситуација под цврста контрола. Соработката со еден Лав ќе се покаже како одлична.

РАК
Идеален период да размислите за новите работи. Бидејќи на емотивен план стигнавте до посакуваната цел може да мечтаете за нов квалитет на врската. Влијаете фасцинантно на околината. Понекогаш умеете да ја искористите предноста и ефикасно да дојдете до целта.

ЛАВ
Размислувате за љубовта, свесни сте за недостатоците на партнерот. Бидејќи грешите кога е љубовта во прашање, почекајте да мине време и страстите да стивнат. Во меѓувреме, концентрирајте се на работата. Пред вас е убав и креативен ден.

ДЕВИЦА
Осцилациите во расположението стануваат се почести. Не сте свесни за моменталната состојба, па запаѓате во депресија. Немате причина да се чувствувате така, зашто кога и да е ќе се оствари тоа за што мечтаете. Престроги сте спрема околината и партнерот. Смирете се малку.

ТЕРЕЗИЈА
Дали сте размислувале за тоа дека премногу зборувате? И дека честопати умеете да се избрзате, па подоцна да се каете? Се наоѓате во многу чувствителна ситуација. Емоциите ви се измешани и зовриени како последица на еден неодамнешен конфликт со близок пријател.

СКОРПИЈА
Ќе постигнете успех, но со нечија поддршка и помош. Конструктивните критики се на место и ги условуваат наредните случувања. Соработниците сфаќаат дека сте во право, па попуштаат. Емотивно сте незадоволни, а за тоа е виновен партнерот.

СТРЕЛЕЦ
Мора да го подобрите расположението. Тешко е да се менувате, но вие сте затворени, срамежливи и незадоволни без причина. Успехот и парите се околу вас, а вие треба само да ги соберете. Новата љубов ќе ви го разубави денот.

ЈАРЕЦ
Зборувате само за љубовта. Преплавени сте со чувства, не само машки-женски, туку и оние што се поврзани со драгите луѓе, децата и со пријателите. Бидејќи никој не се меша во вашата работа, добро се чувствувате. Уживате во сите сфери на животот така како што умеете само вие – до максимум!

ВОДОЛИЈА
Се наоѓате во нова, досега непозната ситуација за вас. Чувствувате огромна празнина во душата, во срцето, како да висите во воздух, а, сепак, стоите заковани во место. Што се случува со вас? Каде се изгубивте? Во главата ви се вртат разни приказни, мисли, товарот ве убива.

РИБИ
Плановите се остваруваат, па можете да бидете задоволни. Бидејќи повеќемината од вас имаат немирна природа, можно е да се јави мала тензија. Не брзајте со активностите и чувајте си ги работите, а посебно портмонето. Емотивно сте задоволни.

Извор: Утрински

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>