Top

Викенд хороскоп (20-21.04.2013)

Овен
Ситуацијата бара приспособување, па ако успеете во тоа, нема да имате проблеми, но ако тврдоглаво се обидувате да продолжите по старо, се може да се случи. Периодот пред вас е одличен за учење и за потпишување договори. Можни се проблеми со бубрезите, но тоа нема да биде ништо алармантно.

Бик
Романтичните случувања можат да внесат живост во секојдневната монотонија. Препуштете им се на желбите. Тоа што ви оди од рака во наредниот период е мудроста. Повлекувате правилни потези. Со минимален напор остварувате корист. Можни се проблеми со дебелеење.

Близнаци
Понекогаш е тешко да се препознае добитната комбинација и доверливите соработници во различни ситуации на деловна сцена. Професионалната неодлучност може да ви создаде дополнителна неудобност на полето на комуникации или нов финансиски губиток. Важно е да реагирате во вистинскиот момент. Не бидете импулсивни.

Рак
Сакате околината правилно да го вреднува вашето знаење или професионалните способности. Но, постојат разни фактори што влијаат на промените на деловна сцена. Потрудете се правилно да ги исполните своите обврски без натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати ќе бидат мерило на вредноста.

Лав
Ве очекуваат нови успеси или поширока афирмација во деловните кругови. Важно е да одберете работи во кои можете во целост да ги потврдите вашите практични способности или креативни идеи. Нема причина да се плашите од јавен настап. Добро проценете ги своите деловни и основни можности.

Девица
Се наоѓате под психички притисок, добро проценете ја комплетната ситуација на деловната сцена и можностите што ви стојат на располагање. Важно е да ги зачувате добрите критериуми при средбата со соработниците кога станува збор за деловниот живот. Долгорочниот успех подразбира правилна процена и постигнување заеднички одлуки.

Терезија
Новите случувања на деловна сцена можат да ги нарушат вашите планови, затоа размислете за некое алтернативно решение. Потребно е да се соочите со соработниците кои користат други методи, секогаш постои можност за компромис. Кога се наоѓате во проблематична ситуација, препуштете им ја иницијативата на другите.

Скорпија
Се наоѓате во креативна фаза и преокупирани сте со различни информации или деловни идеи. Изгледате како лице кое нема време за некои случајни средби или случувања што не се вклопуваат во вашата сфера на интерес. Меѓутоа, со своето енергично однесување кај блиските соработници поттикнувате различни реакции.

Стрелец
Ненадејните промени на деловна сцена влијаат како дополнителен психички притисок и бараат да донесете нови и мудри одлуки. Во ваш интерес е да ги зачувате важните деловни контакти. Затоа прифатете ја деловната понуда која ветува значајна добивка или перспективна реклама. Потрудете се барем да се ангажирате на различни страни.

Јарец
Се наоѓате пред нови деловни дилеми и сакате тимска работа. Околината очекува ефикасни решенија и добро осмислена акција. Поголемиот број соработници сакаат да се идентификуваат со заедничкиот успех и се одѕиваат на вашата покана. Потребно е да воспоставите подобра селекција при изборот на целите и да ги промените критериумите.

Водолија
Изгледате резервирано пред одредени соработници и одбивате нови предизвици, сакате да ја организирате својата околина за да бидете многу поефикасни. Неповолните деловни случувања нема да траат долго, подгответе се за наредната фаза. Одложете го потпишувањето на некои документи или финансиски трансакции кои ви се сомнителни.

Риби
Деловните планови, кои упорно се обидувате да ги остварите, не ги донесуваат очекуваните резултати и посакуваниот ефект. Моментално поминувате низ различни фази на креативни моменти, но не станувајте премногу суетни. Доколку сакате да ја убедите околината во сопственото знаење и во интелектуалните способности, бидете доволно истрајни во своите цели.

Извор: Утрински

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>