Овен
Она што денеска ќе го посакате, можете и да го добиете, но бидете сигурни дека ќе мора убаво да се потрудите. Секако, најлесно е работите да се одвиваат сами од себе, но понекогаш мора да направите и некоја жртва за тоа што навистина го сакате.
Бик
Ќе се чувствувате под притисок зашто од вас се очекува да донесете важна одлука. Не дозволувајте да ве изнервираат. Земете си време колку што ви треба и мирно размислете за се. Возот сигурно нема да ви побегне. Напротив, ќе ве чека додека вие не решите да тргнете.
Близнаци
Денеска ќе се сетите на некој пријател кој не живее во ваша близина. Со оглед на тоа дека не можете веднаш да отпатувате, најдобро да контактирате преку мејл или телефон. Цел живот човек учи по нешто, а денеска вие ќе научите како да ја задржите смислата за хумор.
Рак
Имате чувство како да трошите двојно повеќе време на работи кои досега брзо ги извршувавте. Не се нервирајте. Проблемот не е во вас, туку во фактот што сите околу вас се успорени, па со самото тоа и работите побавно се одвиваат.
Лав
Денеска мора да реагирате брзо, а познавајќи го вашиот знак, тоа и не е некој проблем. Со оглед на тоа дека сте поприлично самоуверени во своето знаење и способност, денеска ќе завршите одлична работа за која секако ќе бидете адекватно наградени.
Девица
Имате неверојатна сила, а тоа го забележуваат и луѓето од вашата околина кои се дури и по малку љубоморни. Некој намерно ќе ве предизвика. Бидете добри и и немојте да газите предлабоко зашто лесно би можеле тотално да се уништите.
Терезија
Без оглед што не сакате да прашувате, а посебно некого да молите, денеска е добро да ги стиснете забите и да го направите токму тоа. Не затоа што сте неспособни, туку зашто имате една глава и две раце, а работа колку за четворица.
Скорпија
Голема е веројатноста да имате непријатен вербален дуел со една постара женска личност од вашето семејство. Причината како и секојпат ќе бидат парите. Подобро е да не влегувате во расправии зашто овојпат вие не сте во право, па лесно може да го извлечете подебелиот крај.
Стрелец
Ќе се расправате со својот партнер, но немојте да очајувате. Последица на кавгата ќе биде тоа што тој/таа ќе ви даде пари за да ја остварите целта. Дали ќе ви позајми или ќе ви ги даде- не е важно. Во секој случај ќе се фалите наоколу со новите работи.
Јарец
Повторно ќе бидете под стрес кој е предизвикан од недостатокот на пари и работа. Но, со оглед на тоа што оваа ситуација е минлива, најдобро е да се обидете да ги зачувате нервите. Уште утре целата ситуација би можела да појде во позитивна насока.
Водолија
Замисливте феноменален план со своите пријатели, но денеска ќе се соочите со проблеми при неговото остварување кои најверојатно ќе имаат финансиска природа. Но, ако верувате вистински во идејата, позајмете се или земете кредит. Нема да зажалите.
Риби
Се сеќавате ли кому му позајмивте пари и дали ви ги врати? Ако е така, сега е идеално време да си ги побарате назад. Иако не се работи за баснословна сума на пари, сепак, ќе ви послужи да изведете некого на вечера. Долг си е долг. Време е да се наплати.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!