Top

Хороскоп за 24.02.2012 (петок)

Овен
Изгледате како личност која своите деловно-финансиски цели ги става над интересите на многумина, па поради тоа ве очекуваат различни коментари. Важно е да процените каква е улогата на соработниците во идните планови. Можно е партнерот да има повеќе проблеми отколку што вие претпоставувате.

Бик
Нема потреба да ги повторувате чекорите кои не носат позитивен ефект. Ги објаснувате работите кои вашата околина одличо ги познава, но не сака да ги прифати. Доколку се грижите да ја израдувате саканата личност, размислете на кој начин да ги претставите своите идеи.

Близнаци
Нема потреба да се надмудрувате со соработниците. Подобро е да останете во нечија сенка отколку да почнувате работа за која немате интересирање. Изгледате вознемирено, избегнувајте конфликти со саканата личност или со некој од друштвото.

Рак
Се обидувате да осмислите поефикасно решение. Не бидете брзоплети во однесувањето, стрпливо почекајте на добра работна можност. Нечија ненадејна реакција или поголеми изливи на чувства кај вас будат дополнително сомнение. Претерувате во својата сомничавост.

Лав
Брзоплето сте прифатиле нечија работна понуда, така што ќе зажалите поради она што сте го кажале или направиле. Ако сте оптоварени со финансиски проблеми, побарајте нечиј совет и намалете ги секојдневните сметки кои ве оптоваруваат. Не инсистирајте на сериозни теми со саканата личност. Држете диета и пијте витамини.

Девица
Некој на индиректен начин ве спречува во остварување на деловно-финансиските планови. Не дозволувајте некој да ве спречува пред соработниците. Потребно е да ја зачувате присебноста на духот во различни ситуации. Се обидувате да и’ угодите на саканата личност.

Терезија
Очекувате конкретни одговори и поради тоа ве иритира деловната колебливост. Сепак, секој од соработниците користи стил кој најдобро го познава. Ситуациите кои се пролонгираат во вас будат чувство на несигурност. Имате впечаток дека партнерот упорно се противи на вашата волја.

Скорпија
Не преувеличувајте го вашето знаење или професионалните можности пред личноста која има богато искуство и големо влијание во вашата околина. Понекогаш деталите одлучуваат за завршните резултати. Емотивната ситуација се менува, но не треба да имате лажни надежи.

Стрелец
Постојат конфликтни ситуации, некој од соработниците ви забележува поради неангажираноста. Избегнувајте нова расправа со личност која ви го наметнува своето авторитетно мислење и ригидни правила на работење. Нема причина да разорувате нечија суета, побарајте емотивна поддршка или добар совет.

Јарец
Не дозволувајте некој да ги оспорува вашите деловни резултати или да ве мами со погрешни резултати. Бидете промислени, повнимателно избирајте ги соработниците со кои имате слични идеи и интересирање. Нема потреба да се спротивставувате на блиска личност или да ги прекршите правилата на заедничкиот живот.

Водолија
Вашиот начин на размислување дејствува позитивно на околината и ветува заеднички успех. Влевате голема доверба, бидејќи во некои критични ситуации умеете да донесете правилна одлука од заеднички интерес. Важно е правилно да ги разберете оние што ги сакате.

Риби
Доколку ви значи да отстраните нечие сомнение, побарајте интервенција од блиските соработници. Вашите зборови не претставуваат доволна гаранција, не можете да оставите позитивен впечаток врз личноста која одлучува за работните интереси. Покажете дополнителна упорност пред саканата личност.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *