Top

Хороскоп за 20.02.2012 (понеделник)

Овен
Имате одлична соработка со околината, среќни сте и задоволни. Не е ни чудо, зашто по кој знае кој пат сте заљубени, ако не во некој друг, тогаш во себеси. Оздравувате од болеста која во последниов период беше дел од вашето секојдневие.

Бик
Ќе остварите успех во професијата за која сте специјализирани, но и во останатите сегменти од животот. Ве очекуваат интересни контакти и познанства. Главата ви е полна со различни впечатоци. Некоја нова личност полека ги освојува вашите симпатии…

Близнаци
Активни сте и енергични така што го остварувате сето она кое ќе ви падне на памет. Конечно сфативте дека одлично функционирате во тим, а не сами. Денеска ќе се впуштите во разни комбинации и од нив ќе извлечете корист. Не дозволувајте некој да ве вознемири без потреба.

Рак
Доколку не можете да се впуштите во авантура – ќе сонувате. И така, додека другите уживаат во животот, вам можностите ви минуваат пред очи. Поубаво ви е во светот на фантазијата, нели? Мора да бидете поактивни и јасно да ги спроведувате идеите.

Лав
Емотивно реагирате во погрешно време на погрешен начин. Сфатете ја ситуацијата и обидете се да ја пребродите кризата со сериозна акција. Нервирањето не води никаде, туку само ви штети, како на физичкото, така и на психичкото здравје.

Девица
Пред вас е релативно напорен ден во секој поглед. Само смирена личност може да го извади максимумот од денешните случувања. Зарем не сте вие такви? Рационални сте, трпеливи и се’ што правите го правите со перфекција.

Терезија
Бидејќи имате чувство дека околината се однесува свирепо кон вас, добивате желба да возвратите во иста мера. Мора да разработите тактика, зашто денешните проблеми се посериозни отколку што претпоставувате. Сакате да доминирате врз партнерот.

Скорпија
Бидејќи ви треба многу поголем напор отколку што замислувавте за да ја пребродите кризата – не се чувствувате најдобро. Важно е дека проблемот ќе биде решен, а недоразбирањето со спротивниот пол – разјаснето. Не настојувајте да ја истерате правдата по секоја цена.

Стрелец
Идеалистички сте настроени. Се наоѓате во состојба на среќа за која немате конкретни причини. Бидете внимателни при работата со пари. Рационалното трошење е препорачливо, а влезот во инвестиции може да почека на некои подобри времиња.

Јарец
Бидејќи им помагате на другите, по обичај тоа го правите крајно несебично. Единствено што може да ве заболи е фактот што кога вам ви треба помош, нема кој да ви помогне. Никој не ви е виновен, самите си создадовте таква слика за себе.

Водолија
За припадниците на овој детинест знак денеска ќе се појават дополнителни проблеми, кои се однесуваат на сите животни сегменти. Нема сомнение дека успешно ќе ги надминете благодарение на трпеливото и смирено однесување.

Риби
Ако имате здравствени проблеми, обидете се да гледате смирено на ситуацијата. Нема потреба од паника, најважна е дијагнозата – штом се постави, за се’ има лек. Бидејќи сте идеалистички расположени не ја сфаќате сериозноста на ситуацијата. Можеби така е подобро.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *