Top

Хороскоп за 20.09.2011 (вторник)

Овен
Премногу сте таинствени што не е типично за Овните. Имате потреба да не зборувате многу, што можеби е и добро. Финансиите ви се слаби, но ви претстои добивка преку игрите на среќа. Склони сте кон тајни врски.

Бик
Иако односите во фамилијата ви се стабилизираат, денес ќе имате помали расправии во домот. Со саканата личност имате премногу хармоничен однос. Здравствената и финансиската состојба ви се подобрува.

Близнаци
Две работи во кои денес најмногу уживате се љубовта и работата. На работа дури може да добиете јавно признание или пофалба за постигнатиот успех. Љубовниот живот ви е особено исполнет во еротски поглед.

Рак
Малку сте нервозни поради насобраните деловни обврски, а ве измачуваат и финансиите. Партнерот е многу добро расположен, па денес и вам ќе ви биде од голема помош. Добри односи во фамилијата и со децата.

Лав
Многу добро сте расположени, па ви недостасува сталоженоста. Односот со саканата личност не е идеален. Вниманието ви е насочено кон кратки љубовни врски, а тоа денес не ви тргнува од рака. Одлично здравје.

Девица
Партнерот покажува многу разбирање за вас, а тоа е нешто што исклучително ви годи. Се подготвувате за кратко патување овие дена. Финансиите ви се подобрени од кога и да е. Помали недоразбирања со пријателите.

Терезија
Конечно еден ден во кој ќе можете да се опуштите и да уживате. Претходните денови ви беа исклучително напорни, па денешната релаксирана атмосфера добро ќе ви дојде. Сe уште не ви се решени семејните проблеми со партнерот. Очекувајте добивка.

Скорпија
Работата ви тргна на подобро, иако се уште нема вистински финансиски резултат. Со партнерот одлично се согласувате во љубовта, но се можни помали проблеми на интелектуално ниво. Внимавајте на здравјето.

Стрелец
Со саканата личност поминавте посебна вечер. Бидејќи сте осетливи, не дозволувајте лесно да се повредите. Имате идеална можност наскоро да одите на убаво патување. Водете сметка што пиете.

Јарец
Денес ве очекува фино и безгрижно дружење со пријателите. Конечно и вие малку да се релаксирате од напорните расправања и убедувања. Ситуацијата на работното место е добра. Финансиската состојба се поправа.

Водолија
Работата ви тргна одлично, па денес ќе бидете позадоволни со финансиската состојба. Ситуацијата во љубовта е нешто подобра од порано. Подгответе се за скоро патување. Здравјето ви е одлично.

Риби
Ќе доживеете пријатно изненадување од саканата личност. На повидок се добри вести од странство, а можно е и наскоро некаде да отпатувате. Бидете внимателни во сообраќајот.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *