Овен
Би се рекло дека имате добар однос со партнерот. Се подготвувате за долго патување. Работното место не ви годи. Сепак, во емотивна смисла сте исполнети. Денес е лесно да ве изнервира некој.
Бик
Денес сте малку порелаксирани од вообичаеното и сте подготвени да се впуштите во љубовна авантура. Финансиската ситуација почнува полека да ви се поправа. Поволна вест за заминување на кратко патување.
Близнаци
Денес сте нагласено еротични. Кај вас се случуваат важни промени во полето на партнерството, љубовта и воопшто во меѓучовечките односи. Барате страствена врска. Повеќе размислувајте за љубовните односи наместо за работата.
Рак
Ова не ви е најдобар ден за комуникација. Преостри сте. Најдобро ќе биде да се посветите на работата и да не зборувате премногу. Можете да дојдете до сјајни идеи при увидот во домашниот амбиент.
Лав
Незадоволни сте, бидејќи немате доволно пари. Сепак, и без тоа денес имате добро друштво со кое ќе си помините одлични моменти. Внимавајте да не го разлутите партнерот, бидејќи денес е посебно чувствителен.
Девица
Моментално сте премногу осетливи и лесно можете да се расплачете, било поради несогласување со партнерот, било поради проблеми на работа. Ќе стекнете неочекувана добивка и тоа многу лесно низ игрите на среќа. Здравјето ви е подобро.
Терезија
Шармантни сте на зборови, но затоа сте емотивно незадоволни. Тоа обидете се да го прикриете со хумор. Решете ги своите семејни проблеми ако сакате да бидете среќни како што се претставувате.
Скорпија
Ќе добиете помалку пари од очекуваното. Бидете обѕирни спрема барањата на вашиот партнер, бидејќи можете лесно да го разлутите. Корисен совет ќе добиете од страна на роднините. Негувајте ги чувствата. Стомачни проблеми.
Стрелец
Денес спонтано привлекувате внимание и покажувате интерес за другите. Немојте поради тоа да ја запоставите фамилијата, бидејќи тоа може да доведе до конфликт. Ненадејна финансиска добивка. Внимателно во возењето и со сообраќајот.
Јарец
Една личност е потајно заљубена во вас. Денес ќе се најдете во ситуација некој неочекувано да ви изјави љубов. Вознемирени сте. Тешко ги изразувате чувствата, што може да биде причина за емотивно несогласување.
Водолија
Премногу и сте лути на саканата личност. Претерувате во изразувањето незадоволство, што наскоро ќе создаде лоша атмосфера во вашиот однос. Склони сте кон флерт и авантури, посебно на пат. Проблеми со парите.
Риби
Не се чувствувате најдобро, пред се, емотивно, што негативно се одразува на вашето здравје. Разговорот со партнерот нема да ги донесе саканите резултати. Изненадување од страна на претпоставените на работното место.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!