Овен
Имате потреба да тргнете од мртва точка. Завршете ги одамна почнатите обврски и почнете повторно да верувате во себе. Брзи сте на дело, затоа најдете време за старите пријатели. Нив никогаш не треба да ги заборавите, тие се единствени што ве разбираат.
Бик
Почнете да размислувате за штедење, особено сега додека изворите се’ уште не се пресушени. Пари имате доволно, но ги трошите повеќе отколку што ви е дозволено. Со партнерот страстите се смируваат, уживајте во мирната атмосфера.
Близнаци
Пред вас е успешен период во сите сегменти од животот. Ако ги избегнете суетата и пречувствителноста во комуникацијата со околината, ќе ви биде прекрасно. Немате причина да се чувствувате лошо, но мора да тргнете во потрага по внатрешниот мир.
Рак
Не ви е тешко да работите ниту, пак, тоа што не сте наградени за својот труд. Околината што седи со скрстени раце и држи предавања ве доведува до лудило. Луѓето околу вас едвај чекаат да направите грешка за да ги потценат вашите квалитети.
Лав
Некој ве оспорува во донесувањето одлуки. Лицето за кое станува збор влијае на повеќе сфери од вашиот живот, затоа треба да и ставите до знаење до каде треба да оди. Денот е одличен за духовни искуства и патувања, а лош за финансиски потфати.
Девица
Грижите се зад вас. Важни случувања се под контрола, а вам ви останува направите нешто повеќе. Се чувствувате одлично, така и функционирате и постигнувате успеси. Ова е одличен период за склучување договори и финансиски трансакции.
Терезија
Не знаете колку сте среќни. Се’ ви оди од рака. Ѕвездите ве поддржуваат дури и во некои работи од кои кренавте раце. Не претерувајте со барањата што му ги поставувате на партнерот. Тој би посакал на момент да се дистанцира од се’, па и од вас.
Скорпија
Тежок ден што бара максимална концентрација и многу откажувања. Секогаш кога се наоѓате во слична ситуација, вие сте вистински мајстор за да излезете од неа. Работите неуморно, но резултатите не се видливи. Внимавајте на здравјето, заморот може да ви наштети.
Стрелец
Ви се случуваат многу убави работи. Тоа се однесува на љубовта, креативноста, работата и заработувачката. Единствено можете да направите грешка ако во нешто претерате. Потрудете се да бидете умерени во се’ и да застанете кога ви е најслатко.
Јарец
Се ви изгледа нормално и крајно опасно. Негативниот став е последица на обврските за кои мислите дека не можете да ги исполните. Покрај трпеливоста, и скромноста е на списокот на негативни особини што треба да ги менувате. Прифатете ги предизвиците.
Водолија
Доволно уживавте и се забавувавте, крајно време е да се зафатите со решавање на сериозните проблеми. Сите лоши работи ќе се одразат на здравјето. Ова особено се однесува на претерувањето со храна, пиење и цигари. Почнете со диета.
Риби
Со Лавовите соработката е проблематична. Сакате да доминирате, а покрај тоа да не сте свесни со кого сте се фатиле на оро. Доколку сакате да ги промените блиските, ќе наидете на проблеми, тие ќе се насочат против вас. Ве очекуваат пријатни вести од странство.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!