Top

Хороскоп за 15.09.2011 (четврток)

Овен
Ќе имате поволна можност да ја покажете својата сила и тоа, пред се’, за решавање проблеми во фамилијата. Помала финансиска добивка. Бидете внимателни во возењето. Нестабилно здравје.

Бик
Денесka сте многу агресивни во комуникацијата. Водете повеќе грижа за она што го зборувате бидејќи, во спротивно, ќе имате извесни недоразбирања со пријателите. Љубовниот живот ви е исклучително хармоничен. Слаби финансии.

Близнаци
Од утрово сте нагласено осетливи и раздразливи. Можни се расправии со пријателите. Сигурна финансиска добивка. Некоја личност од странство ќе ви се јави до крајот на денот. Склони сте кон флерт. Здравјето ви се подобрува.

Рак
На работното место ви е добро и успевате да ја држите контролата во свои раце. Очекувајте добивка. Помали проблеми во комуникацијата со партнерот. Успех во игрите на среќа. Проблеми во сообраќајот.

Лав
Избегнувајте премногу сериозни разговори со пријателите бидејќи ќе се најдете во непријатна ситуација. На работното место ве очекува успех. Сепак, финансиите, главно, ви се нестабилни. Посветете повеќе внимание на децата.

Девица
Денесka на работа, како и во јавноста, не се снаоѓате најдобро. Ќе биде подобро да се повлечете малку во себе и да не донесувате никакви важни одлуки. Односот со партнерот не ви е урамнотежен. Поволна можност за патување.

Терезија
Исклучителни сте активни на работа и ве очекува успех и финансиска добивка. Односот со партнерот е прилично хармоничен. Проблеми во комуникацијата со соседите и роднините. Здравјето не ви е воопшто сјајно.

Скорпија
Односот со партнерот е добар иако многу огнен. Ве очекуваат многу обврски кои мора да ги завршите на време. Проблемите со финансиите ве прават нерасположени. Задоволство со децата.

Стрелец
Денес ве очекува многу работа. Во љубовта како и обично сте исклучително страствени. Сепак, љубовниот живот не ви е толку хармоничен. Обидете се да внесете повеќе нежност во врската. Здравјето ви е одлично.

Јарец
Партнерот денеска ќе преземе иницијатива во многу работи. Успех во емотивниот живот и можност за помала финансиска добивка. Ако денеска сте планирале некое патување, најдобро е да го одложите. Здравствени проблеми.

Водолија
Многу сте ведри. Ќе имате многу обврски околу ситните куќни работи и тоа ќе го извршувате успешно. Кон крајот на денот ве очекува сигурна финансиска добивка. Пријатно изненадување на љубовен план.

Риби
Ве очекува сериозен разговор на работа, и успешно ќе го завршите. Меѓутоа, на љубовен план се можни проблеми. Можност за добивка и тоа особено од игрите на среќа.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *