Овен
Наредните денови се успешни за финансиски трансакции. Потребна ви е нечија поддршка во сето тоа да истраете, а ползата ќе биде повеќекратна. Тежината на нешто што за вас има огромно значење, може да ве погоди. Избегнувајте кавги, консумирање цигари и алкохол.
Бик
Одличен ден за комуникации. Изберете обврски кои се во врска со комуникации и ќе успеете. Обидете се грижите на момент да ги елиминирате. Поради проблемите сте премногу нервозни, а да ги решите не сте во можност. Можни се стомачни проблеми поради неправилна исхрана.
Близнаци
Пари, пари, пари. Само тие ви се во главата. Ги цените нештата што само носат практични резултати. Секогаш сте широки, па парите како да ви лизгаат низ рацете. Почнавте да претерувате, морате да се вразумите и да се свртите кон подлабоката смисла на животот.
Рак
Денес одеднаш станувате свесни за сопствените вредности. Благодарение на тоа, наредните месеци ќе бидете експедитивни и ќе имате добри ставови. Главната преокупација ќе биде само остварување на себичните интереси, со што ќе и пречите на околината.
Лав
Ги анализирате туѓите проблеми, се грижите за туѓите работи. Иако сте комуникативни, сакате да бидете сами, така што го избирате вистинскиот момент кога треба да се извлечете. Музика, книга, весник – на моменти ќе ви помогнат да се наполните со позитивна енергија.
Девица
Одличен ден да играте на берза, доколку имате таква можност. Благодарение на креативното размислување ве очекува успех на сите полиња, каде што треба фантазија. На емотивен план ситуацијата по долг период се поправа. Денеска избегнувајте ги Рибите.
Терезија
Многу време поминувате надвор од домот, па сакате да ја почувствувате релаксираната семејна атмосфера. Настојувате желбата некако да ја спроведете во дело. Доколку размислувате за промена на живеалиштето, овој месец е поволен за такви активности.
Скорпија
Односите со околината се базираат на искреност и доверба, сите ситуации кои не се адекватни ескивираат. Доста ви е од лаги и измами. Некои работи ги сработувате пред очите на јавноста, но не нервирајте се – ќе бидете забележани. Доколку водите судски спор, можни се застои.
Стрелец
Практичната црта на карактерот стапува на сцена, но не претерувајте со работата. Сакате да бидете ангажирани на повеќе страни. Сакате да работите неколку работи истовремено. Доколку имате здравствени проблеми, тие се од психосоматска природа.
Јарец
Се грижите за тоа да не ви се случи скандал за кој не сте директно криви, а во кој може некој да ве вовлече со сопственото невнимание. Пред вас е ден полн со интересни средби и конкретни акции. Ќе бидете задоволни не само со остварените резултати туку и со самите себе.
Водолија
Пожелно е да бидете доследни, не правете компромиси, поради нив можете да имате проблеми. Влеговте во период одличен за работа. Надевајте се на унапредување или промена на статусот. Нека не ве изненадат проблемите, бидејќи вие секогаш ги имате на тони.
Риби
Планирате патување. Всушност, за патот повеќе фантазирате, бидејќи во овој момент тешко дека ќе успеете да го реализирате. Кога би се спуштиле на земја, веројатно не би биле припадник на овој воден знак. Но, има и од вас практичари. Умеете да се однесувате со материјалните вредности.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!