Top

Хороскоп за 13.12.2011 (вторник)

Овен
И понатаму сте постојано напнати и го ставате на тест вашето психичко здравје. Затоа постои опасност повторно да западнете во криза која ќе ве врати на почеток. За се’ постои лек, дури и тогаш кога се во прашање најголемите проблеми. Препуштете се на гласот на разумот и нема да погрешите.

Бик
Ве очекува успешен ден на сите полиња, па дури и кога станува збор за најпроблематичниот дел во вашиот живот – финансиите. Работата и љубовта се на чекор до свое конечно разрешување, па освен задоволството со соработниците, ви се овозможува и да проживеете убави мигови со партнерот.

Близнаци
Се нервирате и повеќе отколку што треба. Бидејќи ситуацијата во која се наоѓате бара од вас да намалите со темпото на живот, би било подобро да се осврнете на друг вид активности кои, пред се’, ќе ве направат да се чувствувате посилни. Доколку успеете да се изборите со вашата тврдоглавост, резултатите ќе дојдат побрзо од очекуваното.

Рак
Без никакви причини постојано се чувствувате тензично. Иако се обидувате причините да ги пронајдете кај другите, сепак, главната иницијална каписла лежи во вас. Сакате да ги барате проблемите и тогаш кога ги нема. Можеби сте свесни дека понекогаш навистина се чувствувате безволни и уморни од се’.

Лав
Желбата за доминација е нешто од кое ќе се водите во текот на целиот ден. Околината ќе се обиде да ве игнорира кога се буди шефот во вас, но вие умеете да се изборите за она што го сакате. Свесни сте дека располагате со голем квалитет, но тоа не мора секогаш да значи дека треба да се натпреварувате со другите.

Девица
Вашето здравје е на одреден начин загрозено. Причините за тоа ги има безброј, но ако погледнете подобро, ќе сфатите дека не е се’ така црно како што на прв поглед ви изгледа. Можеби и претерувате кога пред вас си поставувате цели кои не можете да ги завршите во зададен рок. Не важи секогаш правилото дека Девиците можат се’.

Терезија
Упорноста денес ќе ви се исплати. На пат сте да решите бројни животни проблеми, кои ќе ви овозможат многу подобро да функционирате во иднина. Мора да бидете рационални со трошењето на средствата, бидејќи финансиската ситуација го бара тоа од вас. Не сте секогаш во право, особено кога се во прашање проценувањата на луѓето.

Скорпија
Се наоѓате во елемент, што значи дека вредно работите и љубоморно ја чувате тајната на успехот само за себе. Како соработник сте навистина корисни и соработниците уживаат да бидат во ваша близина. Штом ќе се постави прашање за престиж, не сакате да ги откриете вашите адути. Имате право тајната да ја чувате за себе.

Стрелец
Мора да соберете храброст за да се соочите со животните предизвици. Во прашање е ризик, но само на тој начин може да ги добиете посакуваните резултати. Во спротивно, ќе мора да побарате помош од другите, што нема да ви се допадне. Некој ќе ве изненади со убаво внимание.

Јарец
Се укажува на тоа дека на моменти знаете да бидете вистински мазохисти кон другите. Постојано се стремите да ја надминете баналноста и просечноста кај вас и кај луѓето. Мора да разберете дека не се сите предодредени да бидат број еден каде и да се појават или што и да направат.

Водолија
Моменталната ситуација во која се наоѓате бара од вас сериозно да се посветите на крупни промени во вашиот живот. Во средината во која работите, постојано ве сметаат за извор на идеи, па затоа од вас се очекува многу. Верувајте си на себе и на сопствените квалитети.

Риби
Пред вас е ден во кој ќе може да реализирате многу нешта. Работата и подобрената материјална ситуација ќе испливаат на прво место. Доколку не сте сосема задоволни со постигнатото, значи дека се’ уште ви недостасува одлучноста. Понекогаш мора и вие да им се наметнете на другите.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *