Овен
Постои опасност од ризик и повреда, но бидете внимателни и ќе успеете да ја избегнете. Внимателно избегнувајте судир на интереси. Околностите ќе ви одат во прилог. Не давајте се и не дозволувајте ситниците да ве извадат од такт. За се’ ќе мора сами да се потрудите.
Бик
Чувствителни сте кога станува збор за љубовта и судирот на интереси од секаков вид. Лесно е да ве изнервираат вас, така што мора веднаш да преземете нешто за да избегнете каква било провокација. Партнерот ве прави љубоморни, па е препорачливо да размислите колку има вистина во тоа што ви зборува. Понекогаш се греши кога станува збор за љубовта, бидете внимателни.
Близнаци
Бидејќи сте лесноумни и непромислени, лесно може да бидете цел на нечија измама. Затоа не верувајте никому за да избегнете ризик. Не е исклучена можноста за повреда, па бидете претпазливи во што се впуштате. Разумот треба да е во игра и пред секоја акција добро разгледајте ги опциите што ви се нудат.
Рак
Работа имате многу, но вашето здравје попушта. Доколку посветите внимание на нервниот систем, се’ ќе биде в ред. На приватно поле, слаба страна ви е организацијата на јавен настап. Не оптоварувајте го партнерот со своите едноставни идеи. Тој има различно мислење за се’ и затоа треба да му дозволите да се искаже. Не мора вашиот коментар да биде најдобар.
Лав
Бидејќи се наоѓате пред финансиска криза, штедењето е главен проблем. Бидејќи здравјето подлежи на ризик, мора да се олабавите и да внимавате на себе. Дали е во прашање некоја алергија или проблем со дигестивниот систем? Меѓу вас и партнерот постои тајна врска на која и’ претходат многу убави моменти. Наскоро ќе откриете за што се работи.
Девица
Исцрпеноста и нервозата се последица на премногу работа. Кога на тоа ќе се додаде и опкружувањето што го имате, излегува дека тоа е преголем залак за вашето работење. Треба да се признае дека не ви е лесно. Мора малку да се одморите и работите да ги донесете во најдобар ред. Не идеализирајте за совршен соработник или, пак, за партнер.
Вага
Навлезени сте во негативна фаза. Не сакате пријателите да ве видат во лошо расположение. Долгите разговори ви пречат, па се обидувате секој слободен момент да останете сами. Потрудете се во текот на денот, доколку можете, да го поминете во тишина. Доста се жалевте, па е пожелно да се соочите со сопствените слабости.
Скорпија
Имате поддршка од вашите пријатели за некој важен потфат. Соработниците исто така се трудат да ви излезат во пресрет. Прифатете ја нивната помош бидејќи сите акции водат кон успех. Решете се за важни работи околу вашата идна егзистенција. Промената на работно место, селењето или бракот – се дел од вашите желби.
Стрелец
Осаменоста, работата и бавноста ви одговараат, но морате да ја прифатите моменталната ситуација, сакале или не. Бидејќи здравјето попушта, треба се фокусирате на здраво живеење за да ги избегнете последиците. Хронични болести се на пат, па затоа подгответе се. Се’ е нормално и човечки. Наскоро следува подобрување.
Јарец
Одговорни сте, но вашите соработници и семејството може да го злоупотребат тоа. Затоа прифатете го фактот дека лажењето е корисно понекогаш, бидејќи помага да се оттргнете од непотребни грижи. Размислувајте повеќе за себе. Дистанцирајте се од сите, па макар тоа биле и најблиските.
Водолија
Од денес почнете да држите диета. Метаболизмот е слаб, а апетитот силен, со што може да се загрози вашата вита става. Краен момент е да направите распоред за тоа повеќе да вежбате, а помалку да јадете. За почеток, избегнувајте овошни сокови и слатки. Затоа следната фаза нека ви биде – катанец на фрижидерот.
Риби
Нешто сте наумиле и нема сила што може да ве спречи. Доколку вашите намери се добри, т.е. ако не загрозуваат нечии интереси, се’ ќе биде в ред. Во меѓувреме, размислете дали е тоа она за што вредно се борите да поминете преку некои морални принципи. Дружењето со Скорпии може да биде многу корисно. Активирајте се!
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!