Овен
Иако многу работи излегуваат од контрола, можете да бидете задоволни. Доколку се занимавате со креативна работа, ве очекува успех, но можно е малку да задоцни. Само трпеливо.
Бик
Успешен ден. Среќата ве прати на секој чекор, па тремата и стравувањата исчезнуваат. Кога се работи за љубовта ви се советува да не размислувате за неверство бидејќи подоцна можете да се покаете.
Близнаци
Не се впуштајте во сомнителни врски, работни ангажмани и некои други непроверени работи, бидејќи можете да бидете излажани. Тоа нема да ви биде прв пат. Не ги идеализирајте околностите.
Рак
Доколку почувствувате нервоза, смирете се и бидете свесни дека таа е нормална реакција на замор и макотрпна работа. Бидејќи на материјален план се случуваат непријатности, денот направете си го убав занимавајќи се со некое хоби.
Лав
Благодарение на физичката активност постигнувате се што сте наумиле. Бидејќи околностите ви се наклонети, ви се отвараат сите врати на успехот и задоволствата. Се во знакот на убави доживувања.
Девица
Бидејќи се однесувавте невнимателно, ќе се соочите со различни разочарувања од сите страни. Особено треба да се избегнуваат сите сомнителни соработки со Рибите кои можат да ви се качат на глава.
Терезија
Настапува пресврт во вашиот живот, и тоа токму кога најмалку го очекувавте. Смирени сте бидејќи успеавте да остварите успешна финансиска трансакција и стекнавте признание. ’’Фрлете’’ се на некој бизнис.
Скорпија
Денес не очекувајте некои драстични промени. Бидејќи незадоволството е долготрајно и макотрпно, со него морате да се соживеете, но и да најдете начин како да го ублажите. Ќе биде онака како што сте замислиле.
Стрелец
Ќе успеете да ги завршите сите работни обврски и тоа благодарение на вашиот голем труд. Бидејќи сте свесни за целите кои си ги зададовте на себе, благодарение на организаторските способности, ги решаваате проблемите.
Јарец
Во односот со партнерот евидентни се блокади, но присутни се и тешкотии поврзани со тимска работа и недруштвено однесување. Чувствувате голема потреба за самотија. Дозволете му на Стрелецот да ви помогне.
Водолија
Успешен ден за сите припадници на овој интересен знак. Доколку се занимавате со приватен бизнис, ќе има многу повеќе пари отколку што замислувавте. Ќе добиете морална сатисфакцијана планот на професионалните квалитети.
Риби
Морате да се изборите со комплексите на пониска вредност. Зошто мислите дека другите се во подобра положба од вас? Можеби се само повредни и поактивни. Сепак, имаат храброст која вам ви недостасува.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!