Top

Хороскоп за 07.12.2011 (среда)

Овен
Расположението ви е променливо, но најчесто сте намуртени и незадоволни, и тоа без особена причина. Полесно ви е да паднете во депресија и да кренете раце од се’ отколку да преземете нешто конкретно. Не давајте се! Разменете го искуството со пријателите, па ќе најдете излез.

Бик
Иако имунитетот е на долната граница, а нервниот систем благо протресен, сепак, сте активни. Знаете да им одолеете на предизвиците. Чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Сите всушност ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце.

Близнаци
Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многу од вас се чувствуваат повредено, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко ќе успеете во тоа, бидејќи ви недостига одлучност.

Рак
Убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови можете да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте повеќе и дружете се. На некои случувања малку можете да влијаете, но не грижете се, се’ ќе се среди.

Лав
Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте.

Девица
Многумина од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата, бидејќи можете да бидете склони кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели.

Терезија
Се колебате помеѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денес се поврзани за домот и семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете.

Скорпија
Вие сте многу интуитивни, претчувството никогаш не ве изневерило. Искористете ја оваа состојба на вистинскиот начин. Бидејќи сте пречувствителни, подложеноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се кон духовна еволуција.

Стрелец
Причината поради која сте нервозни навистина е индивидуална. Бидејќи сте личност која најмногу се нервира на работа, најверојатно, ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи станува збор за променлива состојба, издржете го предизвикот.

Јарец
Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот правец, па нервозите се неминовни. Обидете се на начин својствен на вас да ги санирате, да го зачувате здравиот разум и од кризата да излезете како победник. Начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите.

Водолија
Вложувате голем напор и фанатично и’ приоѓате на работата. Морате да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога станува збор за неморалните постапки. Ве поддржуваат семејството и саканото лице.

Риби
Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста на подучување, но и стигнува и признание отстрана – сето тоа ви влева сила и влијае на позитивно на расположението. Предност им давате на работата и на комуникацијата.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *