Top

Хороскоп за 06.12.2011 (вторник)

Овен
Решавате некои работни обврски, па затоа заборавате на вашето лично незадоволство. Ако сфатите што навистина сакате, се’ ќе биде одлично. Повеќето Овни имаат квалитети, но што вреди кога не можат да ги пласираат.

Бик
Партнерот се обидува да ве исфрли од рамнотежа, но вие не се предавате. Иако сте премногу чувствителни на сите негови зборови, вие упорно си терате по свое. Бидејќи сте под влијание на Месечината, ако сакате подобро да функционирате, ви се советуваат прошетки во природа.

Близнаци
Личното незадоволство го префрлувате на други. Лесно е да се признаат туѓите недостатоци и да се увидат ситните грешки отстрана отколку сопствените проблеми што ги надминуваат сите очекувања.

Рак
Незадоволни сте и несигурни, па сето тоа може да придонесе за болести од психосоматска природа. Не разработивте добар план, па сега не знаете на кои работи да им дадете приоритет. Свртете се кон работата.

Лав
Се соочувате со проблеми од сите страни. Делумно е виновна средината, но делумно сте и самите виновни. Чувствителни сте на влијанијата на партнерот, кои понекогаш, за жал, не се основани. Побарајте совет од некои Скорпии.

Девица
Некоја ситуација која овие денови силно ве погоди влијае на тоа да не можете да се снајдете во што било. Не знаете од каде да почнете за да функционирате подобро. Не дозволувајте да ве победи песимизмот, бидејќи имате повеќе квалитети.

Терезија
Правите нова стратегија, бидејќи старата не носи ама баш никакви резултати. Потребен ви е краток одмор од дружења, така што во самотија ќе можете да ги сложувате коцките и да ги средувате впечатоците.

Скорпија
Имате многу пријатели. Доколку планирате некоја веселба или патување, вистинско време е да донесете важни одлуки. Бидете на дистанца со колегите, бидејќи овој ден тие нема да ви бидат наклонети.

Стрелец
Се’ ќе биде во знакот на соработки и контакти. Ќе имате поддршка од некој Близнак што ќе придонесе фантастично да се чувствувате. Со некого ќе планирате некои идни доживувања. Бидејќи се’ уште имате нерешени проблеми, почекајте работите малку да се смират.

Јарец
Плоден ден. Ќе остварите буквално се’ што сте наумиле, особено она што се однесува на полето на уметноста. Повеќето припадници на овој знак ќе тежат кон перфекционизам и убавина, но како совет да не претеруваат премногу.

Водолија
Се’ што ќе ви се случува, ќе биде најмалку очекувано. Некој од вашата средина ќе ви дава дополнителни совети, па вие прифаќајте ги без проблем. Таа личност има добронамерни цели.

Риби
Можни се некои недоразбирања настанати како последица на пречувствителноста во комуникацијата со средината. Ако продолжите да елиминирате една по една личност, ќе останете сами. Што тогаш? Човекот е социјално суштество, затоа мора да контактира со луѓе.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *