Овен
Во текот на попладнево ќе бидете исклучително добро расположени и задоволни кога се во прашање љубовта и сексот. Изгледа дека овој ден ќе ви биде многу среќен и кога станува збор за парите. Можност за патување.
Бик
Овие денови ќе бидете прилично ангажирани во љубовниот живот. Сепак, вистинското задоволство ве очекува по работата, кога ќе добиете неочекувана понуда. Можна е и материјална добивка. Чувајте се од повреди.
Близнаци
Што се однесува до љубовта, ситуацијата е променлива. На работа ќе бидете прилично концентрирани. Најголеми приходи, сепак, ќе имате од партнерот. Колегите ќе ве озборуваат.
Рак
И оваа недела ќе ви биде среќна кога се емоциите во прашање. Во ќуката ќе имате извесни несогласувања, па и судири поради насобраните проблеми. Можност за кратко патување. Ќе слушнете убави вести од пријателите.
Лав
Привлечени сте од спротивниот пол, но би требало да обрнете повеќе внимание на начинот на додворување, бидејќи во спротивно ќе се соочите со неуспех. Во текот на вечерта може да влезете во авантура. Финансиската ситуација е неизвесна.
Девица
Посветете и’ повеќе внимание на саканата личност и се’ ќе биде во ред. Во спротивно, можни се мали недоразбирања во љубовта во текот на целиот ден. Премногу се грижите за парите, иако немате проблеми околу нив.
Терезија
Доколку немате партнер, денес ќе ви се укаже можност за тоа. Ако веќе сте во врска, работите конечно ќе ви тргнат на подобро. Нови познанства. Трошите повеќе отколку што имате.
Скорпија
Се наоѓате пред блага пресвртница барем кога станува збор за љубовта. Партнерот е премногу нападен, а вие се обидувате да се повлечете во мирни води. Ве очекуваат финансии од страна на пријателите.
Стрелец
Ова е вистински ден за да ја изразите својата сексуалност. Веднаш по завршувањето на работното време, ќе имате состанок со личност од спротивниот пол. Доколку сте веќе во врска, ве очекува страстен однос со партнерот.
Јарец
Денес сте магнет за спротивниот пол. Вашата шармантна природа ќе ве насочи кон нови љубовни освојувања. Што се однесува до парите, ќе ви недостигаат до крајот на денот.
Водолија
Поголемо задоволство во љубовта ќе доживеете за време на вечерниот состанок. Сексуалната активност ви е особено нагласена од кога и да е. Ако посветите повеќе внимание во семејството, ќе бидете задоволни и успешни.
Риби
Многу сте чувствителни и романтично расположени. Пред вас е голема можност за неочекувана заљубеност во наредните неколку дена. Неочекуван повик од странство ќе ги промени вашите планови. Помал прилив на пари.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!