Овен
Од вас се бара максимално внимание доколку сакате да ги избегнете сите деловни стапици и материјални загуби. Бидејќи сте личност што умее да владее со ситуацијата, но без да извлече максимална корист од сето тоа, добро размислете и успехот со сигурност нема да изостане.
Бик
Кога би биле порешителни и посигурни во себе, би имале повеќе успех. Се колебате, калкулирате и немате храброст да тргнете во отворена акција. Кој не ризикува, тој и не добива. Ако посредувате во продажба на недвижен имот, можете да се надевате на успех. Со еден Лав сте во фантастични односи.
Близнаци
Ве фати паника, не знаете како да излезете на крај со проблемот. Кога ќе се надевате најмалку, ќе добиете конкретна помош. Денот е поволен за тимска работа и за дружење. Постигнавте видливи резултати и не треба да бидете оптоварени и загрижени.
Рак
Сите оние што се занимаваат со креативна работа ќе имаат инспирација. Периодот пред Вас не е поволен за практични работи, но затоа е поволен за креативни. Ако ја слушате својата интуиција, се’ ќе биде во ред, а во спротивно, ќе доживеете разочарување.
Лав
Благодарение на емотивното задоволство, функционирате во сите сфери на општествениот живот. Можеби не сакате да си признаете, но партнерот ви отвора многу врати. Ви помага да успеете во некои работи за кои, да не е тој, не би можеле ниту да сонувате.
Девица
Фативте залет и тргнавте во акција, а претходно не го испитавте теренот. Оттаму сите недоразбирања и колебања. Одлучувате за склопување тајни аранжмани и желба да дојдете до оние што не ве сакаат баш многу. Почнете да градите односи што ќе бидат коректни.
Терезија
Денот е поволен за планирање венчавки, договори и нови работи. Со сите одлуки што ги донесувате имате поголеми шанси за реализација отколку порано. Ситуацијата Ве прави оптимисти и тоа не без причина. Се надевате дека еден проблем ќе елиминирате, а бидејќи многу го сакате тоа, ќе го решите.
Скорпија
Избегнувајте шпекулации и сомнителни работи, од нив можете да излезете како оштетена страна. Доколку се обиде некој да ве испровоцира, обидете се да се контролирате и да не изгубите трпение. Особено ќе ви годи прошетка во природа.
Стрелец
Пред вас е динамичен и возбудлив ден во секој поглед. Ги извршувате сите работи, остварувате успешни средби и одлично се чувствувате. Моментално сте во фаза на размислување во врска со продажба на некој недвижен имот. Доколку сакате да успеете во тоа, мора да ја спуштите цената.
Јарец
Успехот го делите со соработниците. Не само што славите туку и одлучувате да ја проширите соработката. Сознанието дека и другите многу придонеле да постигнете признание, Ви ја враќа самодовербата и вербата во луѓето. Тамам помисливте да се откажете, околностите навестуваат поволен резултат.
Водолија
Од случувањата што се пред Вас можете со право да очекувате многу. Бидејќи сте во хармонија со себеси, а и со другите, повеќекратно Ви се враќа тоа на деловен и на емотивен план. Доколку имавте здравствени проблеми, се наоѓате во фаза на подобрување.
Риби
Во свој елемент сте: емотивна сила, склоност кон удобен семеен живот и решавање на прашањата во врска со домашните – може да бидат во прв план. Доколку имате некои проблеми, дефинитивно се од психосоматски тип, а настанале како последица на дилемите и нерасчистените ситуации.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!