Овен
Треба да ги сочувате нервите за посериозни проблеми. Не сте добро расположени но партнерот и добар филм може да ви направат да се чувствувате убаво. Внимавајте на исхраната, здравствената состојба не е сјајна.
Бик
Секој човек е ковач на својата среќа. Морате да бидете смирени и толерантни кон соработниците, ако сакате да постигнете колективен успех. Избегнувајте нервози кои ќе му штетат на организмот, подобро не влегувајте во истите.
Близнаци
Премногу сте растрчани , не знаете што попрво да почнете да правите. Водете сметка да не се изгубите во многуте планови. И покрај тоа што сте способни да решите секаков проблем, мора да го успорите темпото и да се насочите кон себеси.
Рак
Може да се каже дека сте во целосен хаос, барем кога се во прашање емоциите. Со оглед на тоа што ваквата состојба премина во хронична, воопшто не сте загрижени. Насочете се кон областите од животот во кои сте најуспешни.
Лав
Постојано сте лошо расположени. Немате енергија, па работата може да биде во застој. Попасивни сте од вообичаеното но тоа воопшто не ве вознемирува, насочени сте кон нова љубов. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите кои ги направивте во последно време.
Девица
Многу од плановите ви пропаднаа во вода, но тоа не значи дека треба да седнете и ништо да не правите. Од вас се очекува да бидете трпеливи, но, за жал, ги изгубивте нервите. Потрудете се барем да бидете позитивни и на партнерот да му покажете колку ви значи.
Терезија
Конечно можете да се препуштите на сите животни радости и покрај тоа што минувате низ тежок период. Потрудете се да останете смирени и со ладна глава. На својствен начин уживате во среќата, а тоа е она што ве одржува во живот.
Скорпија
Влегувате во период кој од вас го бара она што го имате во изобилство, силата. Променете ги животните услови на подобро. Ве очекуваат бурни емотивни случувања, дочекајте ги подготвени. Размислувајте за нови пријателства.
Стрелец
Можни се здравствени проблеми врзани за црниот дроб, но не преземајте конкретни потези. Не однесувајте се како да сте центар на светот. Кој високо лета , ниско паѓа, а вие се однесувате токму така, па можете да наидете на сериозни проблеми.
Јарец
Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Никако не можете да најдете заеднички јазик , но морате да се потрудете.
Водолија
Поминувате незаборавни моменти со личности родени во знакот на Бик или Терезија. Не е важно колку таа среќа ќе трае, уживајте и заборавете на ситните глупости кои ги носи секојдневието. Дружете се и излегувајте. Немојте да се нервирате за ситници.
Риби
Не можете да најдете заеднички јазик со блиските, а проблемите за кои сте свесни треба да ги решавате со ладна глава. Внимавајте – правење компромис најдобро ќе ви дојде, додека не се смири хаосот. Не научивте дека не’ има секакви.
Извор: Утрински весник
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!