Top

Хороскоп за 07.09.2011 (среда)

Овен
Во љубовта денес сте исклучително страстни, што на вашиот партнер му одговара. Цел ден сте во движење, многу сте комуникативни и остварувате нови пријателства. Финансиска добивка. Внимавајте на здравјето.

Бик
Односот со партнерот полека се подобрува. Склони сте кон флертување и имате можност за тајна врска. Задоволство во домот и во фамилијата. Внимавајте со парите, трошите повеќе отколку што заработувате.

Близнаци
Нагласено сте комуникативни, но не сте сосема искрени спрема пријателите. Ситуацијата во љубовта денеска би можела да биде подобра. Помала добивка. Внимателно во сообраќајот и избегнувајте алкохол.

Рак
На работа сте многу ангажирани, но тоа денес ќе донесе поволен финансиски ефект. Односот со партнерот влегува во криза. Можни се авантури од ваша страна. Чувајте се од крадци. Здравјето ви е добро.

Лав
Партнерот ви е необично близок овие денови, па љубовниот живот ви се подобрува. Ве очекува и многу пријатен разговор со пријателите. Можност за заминување на деловен пат. Нестабилно здравје.

Девица
Склони сте кон деловни шпекулации што може денес, сепак, да ви донесе поволен финансиски резултат. Имате тајна врска или добра шанса да ја почнете. Можна е хируршка интервенција.

Терезија
Необично сте друштвени, ќе се стекнете нови познанства. Односот со партнерот ќе ви биде одличен и полн со страсти. Поволни вести од странство и можност за патување. Сигурна финансиска добивка.

Скорпија
Успех преку лице од спротивниот пол. Денес можете да очекувате помал деловен успех, но не и финансиска добивка. Можност за патување во странство. Помали проблеми со бабулето.

Стрелец
Добро сте расположени, се’ ви оди од рака. Односот со партнерот ви е хармоничен, а на работа постигнувате видливи резултати. Финансиската ситуација ви е повеќе од извесна. Задоволство во друштво на пријателите.

Јарец
Не се чувствувате најдобро, особено не кога станува збор за здравјето. Сепак, избегнувајте лекови, бидејќи се можни контраиндикации. Односот со партнерот е задоволителен. Помала финансиска добивка.

Водолија
Партнерот денес ви е исклучително чувствителен и романтично расположен. Ве очекува пријатен и нежен однос во кој вашите емоции ќе имаат главна улога. Ситуацијата на работа без промени. Можност за кратко патување.

Риби
Вниманието повеќе го насочувате кон семејството и внатрешниот мир отколку кон деловните ангажмани. Имате многу куќни работи за завршување, што не ви е тешко. Поголеми финансиски трошоци. Добро здравје.

Извор: Утрински весник

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *